Free songs
Home / бабини рецепти / Народен лек кој прави чуда – скриената тајна на Спарта

Народен лек кој прави чуда – скриената тајна на Спарта

Рецептот е базиран на зрна од боровница и смрека потопени во вино и ракија, и всушност станува збор за една сорта вино од боровница.

borovnicaОвој напиток лекува проблеми со лоша циркулација и лоша крвна слика , главоболка и вртоглавица, желудник, дебело црево, го оневозможува ширењето на бактерии и глисти, заборавање, слабо памтење. Лекот е посебно ефективен за луѓе со слабо срце.

За прв пат овој лек бил забележан во записи пронајдени во Лондон кои датираат од 1696 година, а користен е и во Франција и Шпанија. Според тврдењата токму ова вино било и сокриена тајна на древните спартанци кој рецептот го чувале само за себе. На овој рецепт им се припишува нивната сила и здравје.

Потребни состојки:

– 1/2 кг свежа боровница (може и замрзната

-1/2 кг зрна од смрека (црна смрека позната и како – боровац, брин, клека)

– 1л домашно црно вино

-1/2 л домашна ракија

– 3 лажици домашен мед

– 3 лажици шеќер

Припрема:

vino-borovnica660x413 Боровницата и смреката се мијат и се ставаат во голема тегла и се полеваат со виното и ги оставаме да одстојат 48 часа. Потоа во смесата ги додаваме ракијата,медот и шеќерот. Сето тоа добро се меша додека медот и шеќерот да се растопат. Вака направената смеса да одстои 7 дена по што е спремна за употреба.

Лекот се користи така што се зема 4 лажици наутро и навечер. При секое конзумирање треба да има и неколку зрна од плодовите во лажицата кои добро ќе се изџвакаат пред да се проголтаат. Се користи три дена а потоа се паузира два дена и така одново додека да ја испиеме целата доза. По потреба можете да подготвите и друга доза се додека тегобите не престанат.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top