Чоколадна циста“ е назив кој се користи како жаргон за т.н ендометриотична циста (лат. Cysta endometriotica ovarii). Оваа циста може да има негативно влијание врз процесот на зачнување, но и не мора да значи. При самото спомнување на чоколадната циста, многумина би кренале паника во однос на тоа дека е опасна болест, дека не се лекува, дека забременувањето е невозможно, дека може да премине во рак…
Но, што од ова е точно? И што всушност претставува ендометриоза?
Ендометриоза сеуште претставува недоволно откриена болест, која не се јавува само како циста на јајникот, туку може и во вид на мали/големи жаришта да се појави на многу органи. За оваа болест не се знае точно како настанува, и нема единствено и научно патентирано лекување, и не е доволно јасно дали треба истата да се оперира (лекува) пред бременоста. Но одредени познати факти и истражувања сепак ќе ви помогнат да го намалите стравот кој се појавува кај сите жени во однос на оваа болест.
Застапеност на ендометриозата.
- Кај женската популација е застапена околу 5%.
- Кај онаа група на жени кај кои е дијагностицирана неплодност, ендометриозата е почеста за 7 пати повеќе отколку кај останатите жени (околу 35%).
- Кај жените со синдром на пелвична инфламаторна болест, кај 50% од нив станува збор за ендометриоза.
Теорија за настанувањето на ендометриозата.
Постојат повеќе теории за настанувањето на оваа болест.
- Мајерова теорија или теорија на метаплазија (метаплазија на епителот за време на ембрионалниот развој).
- Самсонова теорија или теорија на трансплатација (регургитација на менструалната крв и делови од ендометриумот низ јајцеводите).
- Теорија на можна автоимуна болест.
- Теорија на можна полигенска наследна болест.
Најчести симптоми на ендометриозата
(во зависност од распределеноста на ендометричните жаришта-мали темно-сини зрнца или цисти на површината на јајниците)
- Болка во карлицата (која најчесто се зголемува за време на менструацијата).
- Болни сексуални односи.
- Појава на грутки кои на допир за време на гинеколошки преглед пројавуваат болка.
- Други неспецифични симптоми во зависност од тоа дали болеста е зафатена и на други органи .
Дијагноза
Дијагнозата за ова заболување се поставува преку:
- Анамнеза (кога постои проблем со плодноста кај жената).
- Гинеколошки преглед.
- Гинеколошки ултразвучен преглед (со вагинална или абдоминална/ректална сонда).
- Мерење и испитување на туморски маркери.
- Дијагностичка лапароскопија
- Додатни радиолошки испитувања.
Лекување на ендометриозата
Успешното лекување на ендометризата е всушност намалување на распространетоста на ендометричните жаришта, намалување на интензитетот на болката и подобрување на репродуктивната способност, а може да биде:
- Медикаментозно
- Хируршко
Бидејќи ендометриозата е сеуште недоволно позната болест, за нејзинато лекување и дијагноза да биде подобро и поточно, на секој пациент се пристапува индивидуално. Значи лекувањето кај една жена се разликува од лекувањето кај друга.
bebeboom.mk
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes
zdravo ja ja imam cokolanata cisa ne raste sto 5 cm a imam bolki vo polovinata