Free songs
Home / Болести и лечење / Алергии, укочен врат, инфекции, главоболки – болести предизвикани од климите

Алергии, укочен врат, инфекции, главоболки – болести предизвикани од климите

Колку што помагаат за разладување во летните горештини, клима уредите имаат и недостатоци кои сериозно може да влијаат на здравјето. Уредот мора редовно да биде подложен на чистење и не треба да се претерува при намалувањето на температурата. Експертите советуваат дека температурната разлика меѓу затворен и отворен простор не треба да биде поголема од пет степени. Се што е над тоа може да предизвика шок за организмот кој често завршува и фатално.

klimaПроблеми со срцето
Ако температурната разлика меѓу климатизираната просторија и надвор е поголема од 7 степени доаѓа до промена на крвотокот во организмот. Срцевиот мускул е преоптоварен  бидејќи побрзо пумпа а крвните садови не можат толку брзо да се шират и собираат. Тоа доведува  до проблеми со срцето дури и кај здрави луѓе.

Болка во рамената и вратот
Температурните разлики, исто така, негативно влијаат  на коските и зглобовите, па може да се појави силна болка во вратот и рамениците. Климатизираните простории треба да ги избегнуваат пациенти со  ревматски заболувања и оние кои страдаат од хронично воспаление на зглобовите.

germsdie_4x4 klimaПроблеми со кожата
Во многу климатизирани простории  кожата ја губи влажноста и станува сува. Ова води кон инфекции на кожата, а посебно внимание треба да посветат лицата кои имаат егзема или други заболувања на кожата, бидејќи сувиот воздух води до поголеми проблеми.

Респираторни инфекции
Помалку неверојатно, ама за време на летниот период често доаѓа и до респираторни инфекции. Настинки, болно грло, температура и воспаление се јавуваат како резултат на ладниот воздух од клима уредите.

klima otrovГлавоболка
Едно од најчестите болести кои ги предизвикуваат клима уредите е главоболката. Уредите ко исе поставени на ниски температури влијаат на крвотокот на мозокот а тоа води до силни болки во главата кои може да траат со денови. Оние кои имаат проблеми со синусите треба да бидат внимателни на ниските температури во просториите за време на летниот период.

Алергии
Клима уредите мора задолжително да бидат чистени бидејќи на филтрите брзо се собираат габи, бактерии, прашина и влакна. Сето ова предизвикува проблеми за луѓето кои страдаат од алергии или астма, а понекогаш и самите уреди може да бидат одговорни за појавата на алергија.

Zdravstvo24.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top