Home / сведоштва / Шешељ ги покажа наодите: Ова е доказ дека го победив ракот!

Шешељ ги покажа наодите: Ова е доказ дека го победив ракот!

Лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, за српски Курир вели дека телефонот постојано му ѕвони откако изјавил дека го победил ракот на дебелото црево, но и двете местази кои биле појавени на црниот дроб.

Како што пред два дена беше објавено, на последниот преглед скенерот покажал дека нема рак ниту метастаза, а Шешељ верува дека пеколната болест успеал да ја победи со специјален режим на исхрана.

-Ми се јавуваат многу луѓе, дури ми оди да го променам телефонскиот број, но знам дека маката ги натерала и затоа сакам на секого да помогнам. На сите со ред им зборувам што користам од овошје и зеленчук, суплименти. Знаете, има и такви кои неверуваат кои зборуваат глупости дека болеста сум ја измислил. Па како можев да измислам кога во Хаг ми извадија толку сантиметри црева? Таму сум опериран и таму ракот ми беше дијагностициран, вели Шешељ.

Тој за Курир.рс го достави и својот последен резузултат на кој пишува дека нема рак.

– Еве го ова и слободно објавете го , да видат луѓето дека тоа што го зборувам е вистина, вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top