- 15 лажици ситно исецкан лист од коприва
- 3 лажици сув цвет од камилица
- 300 мл. вински оцет
Во 1-2 л веќе зовриена вода ставете ги сувите листови од коприва. Веднаш потоа тргнете го садот од оганот и покријте го. Нека стои 2 часа. Откако ќе поминат 2 часа, садот повторно загрејте го. Но, внимавајте да не дојде до повторно вриење. Кога ќе се загрее до температура пред вриење додајте ја камилицата. Повторно тргнете го садот, поклопете го и оставете го повторно да стои 2 часа. Откако повторно ќе поминат 2 часа, процедете ја течноста, додајте го винскиот оцет и добро измешајте.
Начин на употреба:
Секоја втора вечер мачкајте ја косата со овој природен лосион, добро масирајте ја пред да ја измиете.