Free songs
Home / природен лек / За камења во жолчка, меморија, нервоза, првут – посадете си Рузмарин

За камења во жолчка, меморија, нервоза, првут – посадете си Рузмарин

Рузмаринот е добро позната медитеранска билка. Одсекогаш била ценета поради тоа што ја зголемува концентрацијата и ја подобрува мозочната активност.

ruzmarin1

Во кинеската народна медицина, рузмаринот со илјадници години се користи како тоник за мозокот. Велат дека старогрчките студенти, пред испит, триеле гранчиња рузмарин меѓу дланките за да го подобрат памтењето.

Новите истражувања покажале дека луѓето кои мирисале етерично масло од рузмарин имале дури 75% поголеми шанси да запомнат нешто, отколку луѓето кои нормално учеле, без изложеност на ваква арома. Без разлика дали свеж или сув, е богат извор на калиум, калциум, железо, манган, бакар и магнезиум

За рузмаринот се знае уште одамна. Бил главна состојка на “унгарската вода“, лек за масажа, кој ѝ се припишува на кралицата Елизабета Унгарска. Во стара Англија бил симбол на верност, па од таму потекнува обичајот на свадба да се носи гранче рузмарин.

  • ruzmarin2Рузмаринот содржи многу добра количина витамин А – кој има антиоксидантски својства и е клучен за добриот вид. Исто така е неопходен за одржувањето на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна богата со витамин А го заштитува организмот од рак на белите дробови и усната празнина.
  • Етеричното масло има спазмолитичко својство (ги отстранува грчевите и ги намалува болките). Затоа е корисен за лекување на болки во желудникот и цревата. Во народната медицина се употребува за подобрување на апетитот и против гасови.
  • Етеричното масло се додава во медицинските масти против ревматизам, ишијас.
  • Помага при главоболка, при нервна напнатост и ментален замор.
  • го поттикнува правилното лачење на жолчката и ја одржува нејзината густина. Затоа се користи како природен лек за хронично воспаление на жолчната кеса, за камења во жолчката и при заболувања на црниот дроб – хепатит, цироза.
  • 1451_ruzmarin_kulго поттикнува излачувањето на урината и помага при задржувањето на вишокот течности во организмот. Тој е извонреден природен диуретик и често им се препорачува на лицата кои имаат отоци. Бидејќи ја подобрува работата на бубрезитге, рузмаринот е природен „чистач“ на организмот и помага во исфрлањето на отровите од организмот.
  •  ја стимулира работата на срцето, ја подобрува циркулацијата, го нормализира нискиот крвен притисок и е одличен тоник за срцето.
  • се користи при настинка, грип, кашлица, хроничен бронхит.
  • Рузмаринот е тоник за кожата, го забрзува растот на косата (одличен е за лекување на разни проблеми на косата (првут, масна коса, опаѓање на косата).

За кожата:

Се проврива пола литар вода во која сте додале 2 стебла рузмарин, и грст листови од цветот на ружа. Оладете ја течноста, а потоа додадете  сок од половина лимон и 1 децилитар свежо исцеден сок од краставица. Се заедно процедете  – може да стои и цела седмица доколку се чува на ладно. Лосионот се нанесува на чиста кожа.

За косата:

biol_biljke_ruzmarin

Една китка свеж рузмарин, помешајте со еднаква количина листови од  коприва, камилица. Овие состојки држете ги 10 дена, накиснати во 40% алкохол. Потоа процедете – чувате на ладно и темно место , уште 14 дена. Со добиената течност 3 пати во седмицата масирајте го темето, потоа измивајте. помага за подобрување на циркулацијата, го поттикнува растот  на косата и го решава првутот.

За стрес:

велат дека е доволно да мирисате гранче рузмарин за веднаш да се опуштите и заборавите на стресот. Но доколку тоа не ви е доволно имате уште неколку опции. Чај од рузмарин, купка со топла вода и рузмарин и камилица. Или пак ставете во тенџере вода, лимон, рузмарин и оставете да си врие на тивко – пареата што ја испушта при варењето ќе ви го исполни домот и ќе ве смири. Доколку имате немирен сон – чувајте рузмарин крај креветот, или пак капнете неколку капки етерично масло на перницата.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top