Домашниот крем од мед кога еднаш ќе го пробате, ќе биде вашата омилена козметика и ќе престанете да фрлате пари за скапи производи кои содржат штетни хемикалии. Кремот се користи за суви раце, испукани усни и стапала.Секако можете да го користите и како ноќен крем за лице.
За да го подготвите ќе ви биде потребно:
20 гр пчелин восок
10 гр масло од какао
15 гр кокосово масло
30 гр бадемово масло
20 гр густ мед
Измешајте ги сите компоненти и загреј те ги на пареа додека не се изедначи смесата. Откако ќе го тргнете садот од оган, се додава и медот. Измешајте добро, па префрлете го кремот во стаклен сад. Балсамот се чува во фрижидер.
Popara