Сакам да споделам ефикасни методи како на природен начин да го спречите настанувањето на камчиња во жолчката и доколку истите ги имате да ги отстраните.
1.Правиот начин е следен :
– 250 мл маслиново маслов (ладно цедено маслиново масло)
-250 мл сок од лимон
-250 мл бело вино.
Сето тоа ќе го измешате и ќе го чувате во стаклено шишенце или тегла и од течноста ќе конзумирате по половина чаша секое утро на празен стомак и навечер пред спиење.
2. Вториот начин е следен :
– 3 најкисели јаболка
– 3 лимони
– една китка магдонос.
– 5 л вода
Најпрво лимоните и јаболката убаво ќе ги измиете со сода бикарбона односно може да ги оставите во сад во кој ќе ставите една ќесичка сода бикарбона и ќе ги оставите да отстојат 2-3 часа, потоа лимоните и јаболката со се кора и лушпа ќе ги исецкате на ситни парчиња, како и китката магодност.
Водата ќе ја сварите и со таа вода ќе ги попарите исецканите лимони, јаболка и китката магдонос и ќе ги ставите да се варат се додека не се извари до 3,5 л.
Откако ќе се свари, ќе го процедите чајот и истиот може да го конзумирате по една голтка во текот на цел ден или да пиете по една мала чашка неколку пати на ден.
Катица Шкариќ