Home / бабини рецепти / Руски народни лекови од кујната

Руски народни лекови од кујната

Можеби ќе ви се чини чудно што Русите ги лекуваат главоболките со моркови, а габичните инфекции со кафе. Тие рецепти почиваат на стогодишно искуство. Во огромната Русија често се случувало луѓето да мораат да си помогнат сами, зашто на стотици километри немало ниту лекар ниту аптека. Поколенијата учеле како да се лекуваат од искуството на постарите со продукти од домаќинството и од природата

*Едноставен лек против парадентоза

lekovi svetМалку сушен ѓумбир во прав ставете во устата и со јазикот размачкајте го по непцата. Ова правете го секој ден, по секое јадење, особено ако не сте имале можност веднаш да ги измиете забите. Задолжително користете ѓумбир откако ќе ги измиете забите и ноќе пред спиење. Одлично ја дезинфицира слузокожата, ги чисти и ги зацврстува непцата. Ќе имате значително посвеж здив, а наутро непцата нема да ви крвават. Ова е ефикасен лек и за афти.

*Спас од алергија на амброзија

Исцедете бистар сок од свежи листови и корен од целер. Ставете го сокот во тегла и додајте исто толку мед. Смесата добро промeшајте ја со дрвена или со пластична лажица. Теглата држете ја добро затворена во фрижидер, најдолго една недела. Овој сок со мед се пие трипати дневно, по една лажица половина час пред јадење. Пијте го секојдневно, во текот на целата сезона на цветање на амброзијата (од јули до крај на септември) и ќе се спасите од непријатните симптоми како што се кивавица, течење на носот, јадеж, солзење на очите и задушување во градите. Овој народен руски лек одлично го чисти организмот и е делотворен и за други видови алергија.

*Камилица и лимон за слабеење

kamilicaНавечер во мала тегла да се стави една полна лажица цвет од камилица и две кришки лимон. Треба да се прелие со половина чаша провриена вода. Теглата веднаш да се затвори и да се завие во волнен шал. Наутро течноста да се процеди и да се пие во мали голтки, пред јадење, во шест мали порции. За овој чај, фитотерапевтот од Москва Ама Каласникова вели: “Овој чај навистина може да придонесе за смалување на телесната тежина. Камилицата го подобрува протокот на жолчна киселина, а лимонот е богат со витамин Ц, кој е неопходен за добар метаболизам. Ако редовно го пиете и не јадете премногу, бргу ќе забележите дека слабеете”.

*За имунитет

Земете 4 чаши кефир и 150 грама варена и пасирана тиква. Сето тоа добро измешајте го, па додајте лажичка природен мед. Ќе добиете одличен напиток, кој извонредно дејствува на органите за варење и го јакне имунитетот на целиот организам.

*Бразилски лек против настинка

Изрендајте половина јаболко и половина кромид, па додајте лажица мед. Ова е популарно средство против настинка во Бразил. Кромидот со јаболкото и со медот го јакне имунитетот.

*Смеса за јакнење на организмот и за воспоставување добра хормонска слика

kajsija-300x169Сомелете (најдобро во машина за мелење месо) една чаша суви кајсии, една чаша суво грозје, една чаша суви смокви, една чаша суви сливи (без семки) и една чаша ореви. Додајте сок од два лимона и една чаша мед. С` добро измешајте и ставете во фрижидер. Наутро, пред појадок, треба задолжително да се изеде една лажица од смесата. Се препорачува за сите на кои им е потребно закрепнување, како и на жените што сакаат да забременат.

*Мевлем за побрзо закрепнување по операција

Ситно да се исечкаат шест големи јаболка, да се помешаат со 400 грама свежо, свинско, непосолено сало и да се стават во рерна за да се истопи салото. Во друг сад да се стават 12 жолчки од свежи кокошкини јајца со една чаша шеќер и да се додаде табла рендано црно чоколадо. Штом салото ќе се истопи, да се соединат двете смеси и внимателно да се измешаат. Овој мевлем да се мачка на леб и да се јаде за појадок, ручек и вечера и задолжително да се пие врело млеко. Овој рецепт е на познатиот академик Тохири за јакнење на организмот. Особено е погоден за брзо закрепнување на пациентите оперирани од тумор.

*Контрасно туширање за јакнење на имунитетот

Кога се туширате наутро задолжително на крајот истуширајте се со врела вода, па веднаш потоа на кратко со студена, па повторно со врела и така барем 4 пати. Завршете го туширањето со студена вода. Тоа ќе ви даде бодрост, свежина и енергија за цело претпладне, а ќе потрошите само минута повеќе. Руските лекари тоа им го препорачуваат на сите. Го нарекуваат контрасно туширање. Крвните садови при тоа се шират, па се собираат, па повторно се шират, па крвта побргу струи и ги чисти отровите насобрани на нивните ѕидови.

Вакво туширање е одлично јакнење на имунитетот. Не практикувајте ноќе вакво контрасно туширање зашто од вишокот енергија не ќе можете да заспиете.

*Чај за јакнење на имунитетот

caj-300x180Навечер ставете во тегла две лажици ситно исечено оревово лисје и прелијте го со половина литар зовриена вода. Теглата добро затворете ја и замоткајте ја во волнено ќебе да остане топла ноќта. Утредента исцедете го чајот и ставете ја теглата со исцедениот чај во фрижидер. Пијте секое утро по 50 мл од чајот.

*Разни средства против тумор

-Треба што почесто да се јаде каша од хељда, зашто таа го чисти организмот од тумор.

– Пронајдете цвет од компир и сварете чај. Тој ги лечи онколошките болести. Чајот се подготвува на следниот начин: три лажици цвет од компир да се стават во тегла и да се прелијат со 1,5 чаша врела вода. Поклопете ја теглата и оставете чајот да отстои три часа. Да се пие 3 пати дневно по половина чаша.

– Јапонските печурки шитаке ги нарекуваат ликвидатори на тумори. Велат дека оној што барем еден месец годишно секојдневно јаде шитаке не може да има тумор. Можат да се најдат и сушени, па да се сомелат во машина за мелење кафе и да се јаде по една полна лажичка наутро.

– Набавете корен на лепка (аrticium lappa), подгответе чај од него и пијте го со мед. Го нормализира метаболизмот и го чисти организмот од тумори.

*Облога од глина против тумори

Најдете прочистена глина. Пред употреба држете ја еден ден на сонце за дополнително да се прочисти и да ја впие сончевата енергија. Во глината додајте 2 лажици брашно, една кафена лажица јаболков оцет и јак чај од камилица. С` добро да се измеша до густина на тесто. Ставете ја таа облога таму кајшто се наоѓа туморот. Преку облогата треба да се стави крпа, па најлон кеса, па сето тоа треба добро да се затопли. Облогата треба да остане час и половина, а потоа треба да се отстрани. Глината ги шмука од телото клетките на туморот. Затоа не смее да се држи повеќе од еден и пол час и потоа мора задолжително да се фрли. Не смее повторно да се употребува. За нова облога треба да се повтори постапката на ист начин од нова глина и да се држи повторно еден и пол час, па да се фрли.

*Руски селски лек за чистење на дробот и против алергија

Две недели, секое утро пред појадокот, наберете три цвета свеж невен (најдобро да го имате во градината или во саксии), добро изџвакајте ги и голтнете ги. Потоа направете пауза од една недела па повторете ја оваа практика. Ова е старински селски рецепт за чистење на црниот дроб и за јакнење на имунитетот. Кога ќе го исчистите црниот дроб, ќе ви минат и алергиите.

kantarion-maslo*Чај за чистење на организмот

Добро измешајте четче – 5 лажици, кантарион – 4 лажици, корен од глуварче – 3 лажици коњска опашка – 2 лажици и иситнета шипка – 2 лажици. Земете една лажица од мешавината и прелијте ја навечер со шолја студена вода. Наутро ставете ја на оган и зовријте, но веднаш потоа тргнете ја од огнот, поклопете го садот и замоткајте го во топло ќебе да отстои 40 минути. Потоа исцедете чај и пијте по третина чаша три пати дневно пред јадење. Подготвениот чај чувајте го во фрижидер. Го чисти организмот и корисен е против алергии. Особено добро ги прочистува дишните патишта.

*Паста за слабеење

На една лажица (20 г) свежо сирење додајте една лажица млеко, една лажица сок од лимон, 3 лажици соја сос, ким, ситно исечкан лук по вкус и прстофат црвена мелена пиперка. С` добро измешајте. Ќе добиете паста што може да се намачка на листови зелена салата или зелка и да се јаде колку што сакате. Пастата е погодна за слабеење оти го забрзува метаболизмот.

*Чајот од шипка го намалува апетитот

Кафена лажица истрошени суви шипки прелијте со половина чаша зовриена вода и оставете ги поклопени 30 минути. Исцедете и додајте половина лажичка мед. Пијте полека во мали голтки. Овој чај влијае на намалување на апетитот и го снабдува организмот со витамин Ц.

*Компот за слабеење

Сварете ги сувите сливи во многу вода. Пијте што повеќе од овој компот, без шеќер. Влијае на намалувањето на апетитот, го подобрува варењето и лечи запек.

*Топчиња од цвекло за намалување на апетитот и за брзо слабеење

cvekloКилограм добро измиено свежо цвекло исцедете во соковник за правење бистри сокови. Остатоците од цвеклото по цедењето се одлично средство за слабеење. Од нив веднаш направете мали топчиња, во големина на таблети и ставете ги во замрзнувач. Немојте одеднаш да цедите поголемо количество цвекло зашто посвежите топчиња се биолошки поактивни. Кога и да почувствувате глад, јадете од овие топчиња, без џвакање. Проголтајте секогаш пред јадење по две лажички од топчињата, а потоа немојте да јадете или да пиете ништо. Кога по извесно време ќе огладнете – пак голтајте од топчињата. Топчињата од исцедена цвекло значително ќе ви го намалат апетитот и ќе ви ја смалат тежината, зашто на природен начин детаљно го чистат вашиот организам. Овој третман, познат под името “Методика на сито гладување” го препорачува украинскиот народен исцелител, академик Балотов. Ако и покрај голтањето топчиња од цвекло, почувствувате глад, јадете како и вообичаено. Утврдено е дека оваа метода доведува до слабеење. Особено е корисна за луѓе со висок крвен притисок, зашто го смалува притисокот.

*Едноставна напивка за намалување на апетитот

Во чаша вода ставете една лажичка мед и исцедете парче лимон. Се добро измешајте и испијте полека во мали голтки. Оваа напивка ќе направи следниот оброк да го одложите за цел час.

*Сокови за слабеење

– “Парпл реин” – две главички цвекло со средна величина, 2 моркова, 3 јаболка, 1 излупен лимон, ѓумбиров корен со должина од 5 см. Да се исцеди сок и веднаш да се испие.

– Сок “Александра” – една краставица, едно големо зелено јаболко, 200 г целер, еден врзоп магдонос, еден зелен лимон. С` заедно да се исцеди и добро да се промеша.

– Сок “Искушение” – шест кајсии и 2 чаши исечени парчиња диња да се исцедат, да се додаде половина чаша сок од портокал, 6 коцки мраз и веднаш да се испие.

– “Супер екстракт” – 1 чаша коцки од свеж ананас, 1 чаша исечкани коцки јаболко, 2 моркова, 1 излупен портокал, 2 стебленца целер, една излупена лимета. Во исцедениот сок да се додадат и неколку коцки мраз.

– “Витамински пунч” – 2 жолти пиперки без семки, 2 круши, 2 јаболка, 3 излупени портокали, половина грејпфрут. Да се исцедат и да се пие веднаш

– Коктел “Роберт де Ниро” – од 500 г црно грозје, 500 г бело грозје, 400 г салата ајсберг и 200 г зелена салата да се исцеди бистар сок, од кој ќе ги отстраните семките од грозјето. Содржи многу железо и магнезиум. Добар е за слабеење и за подмладување

– “Енергетски пијалак” – 2 чаши исечкани моркови, половина чаша исечкана краставица, едно јаболко, еден домат, една излупена лимета, 12 листа спанаќ, една чаша исечкани стебленца целер, две лажици мед. Да се исцеди сок и да му се додаде медот. Може и неколку коцки мраз.

Со диета со свежи сокови за една недела се губи до 5 килограми. Дневно се препорачуваат 1,5 до 2 литра сок. Покрај нив, потребно е да се испијат исто толку литри вода

*Топла салата што помага кај висок притисок и прекумерна тежина

Ситно исечкајте зелени лисја од морков и цвекло, проварете ги во малку вода и измиксирајте ги. Ставете ја смесата во чинија за салата и додајте ситно сечкан свеж магдонос. Изрендајте едно чешне бел лук и 2-3 орева. С` промешајте и зачинете со маслиново масло и свеж сок од лимон. Д-р Елена Иванова, московски диетолог, за овој рецепт смета дека е многу корисен и добар за луѓе со зголемен крвен притисок.

– Салатата ја елиминира вишокот вода од организмот и го подобрува метаболизмот на натриум и калиум – вели Иванова.

*Колачиња за бременост

Помешајте еднакви количини мелен бадем, урми, банани и мед. Додајте белки, онолку колку што е потребно да се хомогенизира смесата. Обликувајте топчиња и печете ги во рерна на 150 до 180 степени 20 минути. Ова е старо арапско лековито средство. Се верува дека жените што јадат вакви колачиња побрзо зачнуваат.

*Чистење на организмот со ленено масло со зачини според Малахов

Земете 50 мл. ленено масло (или четвртина чаша). Додајте прстофат ѓумбир во прав и прстофат мелен црн пипер. С` добро измешајте. Испијте го наутро на празен стомак. Ова масло треба да се пие само три дена. Маслото го обложува организмот однатре, а зачините помагаат да се исфрлат токсините. По три дена земете ленено масло, но без зачини, и намачкајте ја кожата по целото тело. Оваа масажа овозможува целосно исфрлање на токсините од организмот.

*Сируп за чистење на организмот

Исцедете еднакви количини сок од свежо цвекло, свеж морков и свежа црна ‘рдоква. Ставете во неоштетен емајлиран сад, поклопете го садот и ставете го 3 часа во топла рерна. Добиениот сируп чувајте го во добро затворено шише во фрижидер. Пијте го трипати на ден, пред јадење, по една лажица. Во овој сируп можете да додадете и мед. Цвекло треба да се јаде што почесто, зашто е ефикасно средство за чистење на организмот од сите отрови, меѓу кои и од продукти на радиоактивно зрачење.

kompir*Белки, хељда и компир против болка во желудникот

На тие што страдаат од чир на желудникот и на дванаесетпрсното црево, Малахов им препорачува три едноставни лека:

– Свежа белка од кокошкино јајце задржете долго во устата. Белката помешана со плунка создава заштитен слој и ја штити слузокожата на желудникот.

– Се препорачува и џвакање свежо хељдино брашно. Брашното треба да се џвака долго, зашто тоа со плунката создава заштитен слој на заболената слузокожа.

– Пијте сок од сиров компир.

*Коктел против гастритис

Во поголема тегла помешајте половина литар свежо кисело млеко и половина килограм мед. Смесата чувајте ја во фрижидер. Пијте по половина чаша секое утро. Оваа едноставна смеса значително ја подобрува состојбата на желудникот.

* Масло за јакнење на слузокожата на желудникот

Помешајте 50 г сончогледово масло, 50 г мед и 100 г ленено семе, сомелени во машина за кафе. Чувајте ја смесата во фрижидер и земајте по една лажица наутро, на празен желудник, две недели. Оваа смеса ја јакне слузокожата на желудникот.

*Напивка за бодрост

Навечер треба да се исечкаат две главички цвекло со средна величина и да се прелијат со еден литар студена вода. Во тоа треба да се додаде изрендано парче ѓумбир. Наутро исцедете, додајте мед по вкус, с` добро измешајте и пијте – колку што сакате и кога сакате. Оваа здрава напивка ќе ви овозможи енергија и добро расположение.

tibet-251x300*Тибетска вежба против аденом на простата и за посилна потенција

Застанете така што ‘рбетот ќе ви биде исправен, а потоа раширете ги нозете што повеќе можете и свиткајте ги малку во колениците. Испружете ги рацете напред. Стојте така 10 минути, 3-4 пати дневно. Оваа вежба на тибетските монаси, ако се практикува редовно, ја јакне циркулацијата на крвта во долниот стомак и во половите органи, по што се подобрува состојбата на простатата, аденомот исчезнува, а потенцијата јакне.

*Лековита смеса против машки стерилитет

Ставете во тегла 200 грама мед и додајте чаша коњак, сок од три лимони и 3 свежи жолчки. С` добро измешајте. Добро затворената тегла чувајте ја во ладилник. Пијте по една лажица од течноста половина час пред јадење, три пати дневно. Секогаш, пред консумација, добро промешајте ја смесата со дрвена лажица.

* Семе од тиква против простатитис

Сомелете 500 г излупени, сирови семки од тиква и додајте една чаша густ мед. Промешајте добро и направете топчиња со пречник од 1-1,5 цм. Земајте по едно топче секое утро пред појадок додека не ги изедете сите. Ова треба да се повторува еднаш годишно.

*Лековита смеса за панкреас

Овој рецепт се користи за превенција на заболувањата на панкреасот, но и за лечење. Многу е корисна за дијабетичари, зашто поволно влијае на стабилизацијата на вредноста на шеќерот во крвта.

– Килограм лимон, 300 г магдонос и 300 г бел лук сомелете на машина за мелење месо. Лимонот треба да се меле заедно со кората, но без семките. Смесата оставете ја да отстои две недели во фрижидер, во затворена стаклена тегла или неоштетен емајлиран сад. Потоа земајте секојдневно по една лажичка од смесата 15 минути пред јадење, три пати дневно. Со овој лек, пожелно е да се пие и третина шолја чај од лисја од јагоди, боровница или брусница.

*Маска на Катарина Велика за нега на лицето

Излупете јаболко и измелете го. Измелете и 2 лажици исечкана тиква и додајте една лажица мед, една лажица сок од лимон и една лажица маслиново масло. С` добро измешајте. Ставете ја смесата на лицето и на вратот, со исклучок на делот околу очите. Држете ја маската 30 минути, па измијте ја со млака вода. Кожата ќе биде свежа и ќе исчезнат отоците околу очите.

*Суво грозје и смокви за бронхитис

Сто грама суво грозје да се вари во чаша млеко 10 минути на благ оган. Да се пие топлото млеко и да се јаде грозјето неколку пати дневно. Овој рецепт може да се приготви и со исечкани суви смокви.

*Облога од компир против кашлица

Да се свари неизлупен компир и добро да се испасира. Да се додаде во врелата маса една лажица масло и 2-3 капки јод. Добро да се измеша. Да се стави како облога преку градите, па озгора да се покрие со најлонска кеса и со топол шал. Легнете и чекајте облогата да се олади. Потоа отстранете ја.

*Кори од мандарина против кашлица

Сомелете 50 грама кори од мандарина и ставете ги во тегла. Мелените кори прелијте ги со чаша вотка или 40-отстотен алкохол. Добро затворете ја теглата и оставете да отстои една недела на темно место. Потоа земајте по една лажица по јадење, заедно со лажица мед. Лечи кашлица и го прочистува грлото.

Дневник.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top