Home / бабини рецепти / Природни лекови кои се користат низ светот

Природни лекови кои се користат низ светот

Секое место на Земјата има некое свое верување и традиции кои се уникатни само за тоа место. Еве ја листата на 15 природни лекови кои се користат низ целиот свет и кои ја намалуваат болката, го зајакнува имунитетот и го елиминира стресот на природен, ефикасен и брз начин.

coconut_oil-276x300Шри Ланка

кокосот ја намалува дебелината Просечен жител на Шри Ланка годишно јаде околу 116 кокоси. Се претпоставува дека ова е една од причините зошто жителите на овој тропски рај немаат проблеми со дебелината. Кокосовото масло е полно со ланец од средни масни киселини кои го стимулира црниот дроб и ги согоруваат телесните маснотии 50 проценти побрзо од вообичаеното. Кога жените конзумираат 30 милилитри масло од кокос или 170 грама кокос дневно, тие многу лесно губат и по 2 килограми месечно.

Австрија

јогата спречува несоница Еден од најпопуларните лекови против несоница во Австрија е јогата. Австријците не ја практикуваат само дома, туку постојат посебни програми и за време на празниците каде што вежбаат јога. Истражувањата покажуваат дека практикувањето јога најмалку 20 минути дневно ја намалува или елиминира несоницата, ефикасна е колку и апчињата за спиење, а го намалува хроничниот стрес и депресијата.

Индонезија

09-Ginger-StomachFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1-300x177ѓумбирот ги уништува триглицеридите Индонезијците трошат повеќе ѓумбир од која било друга земја во светот. Тие не го користат само како зачин, туку од него прават и чаеви, слатки, леб и многу други вкусни десерти. Овој зачин од секогаш го сметале за моќен „тоник“ за срцето, а лекарите тврдат дека тоа е навистина така. Всушност, истражувањата покажале дека дневна доза на ѓумбир може да го намали создавањето на триглицеридите, кои ги запушуваат артериите и до 17 проценти. Покрај тоа, ѓумбирот е двојно поефикасен од аспиринот, кога станува збор за спречување на формирање на опасни згрутчувања на крвта. Препорачаната дневна доза е 10 грама ѓумбир.

Јапонија –

печурките го контролираат холестеролот Во Јапонија, печурки се сметаат и за храна и за лек, а просечен жител на оваа држава јаде околу 3,5 килограми печурки годишно. Со додавање на најмалку 50 грама печурки во секојдневната исхрана може да го намалите нивото на лош холестерол за 30 проценти. Печурките содржат големи количини на антиоксиданси кои го намалуваат производството на масти кои ги запушуваат артериите.

Индија –

kurkumaкуркумата го стабилизира шеќерот во крвта Индијците овој зачин не само што го користат во кулинарството, туку и како лек кога имаат проблеми со високото ниво на шеќер во крвта. Истражувачите на Универзитетот во Гуџарат потврдија дека активната состојка куркурма, ги активира гените кои го регулираат шеќерот во крвта. За да имате корист, секој ден треба да внесете барем половина лажичка куркума во телото. Зачинот може да го ставате во месо, зеленчук, ориз и јајца.

Англија –

купка од билката калуѓерка ги елиминира болките во мускулите Лежењето во топла бања со купка од калуѓерка е традиционален англиски лек за болка во мускулите. Ова е многу ефикасен лек, бидејќи мелената билка преку порите ги извлекува отровите од телото, ја подобрува циркулацијата, ги опушта мускулите и го забрзува заздравувањето на рани на кожата.

Германија –

CAJEVI-1-200x300чај камилица ја спречува надуеноста Истражувањата покажуваат дека секојдневното консумирање на половина литар чај од камилица ги олеснува симптомите на надуеност и болки во стомакот. Камилица ги смирува надбубрежните жлезди, намалувајќи го нивното производство на кортизол – хормон на стрес кој, меѓу другото му пречи на варењето на храната и влијае на формирањето на гасови во телото и болки во стомакот.

Русија –

лукот лек против вируси Русите имаат долга традиција слична на нашата, односно употреба на лук за елиминирање на настинки и грип. Истражувањата покажуваат дека дневна доза на лук може да го намали ризикот од вирусни инфекции за 43 проценти дури и ако се опкружени со луѓе кои имаат настинка, грип или кивавица.

Кина –

акупунктурата ги спречува главоболките Дури 80 милиони Кинези ја користат оваа древна терапија за да ослободат од главоболката. Истражувањата покажуваат дека акупунктурата е поефикасна од било кој лек за главоболка. Ако страдате од хронична главоболка и мигрена, препорачливо е да почнете да користите акупунктура.

Финска –

kreativno_kafe_solja1-300x240кафе против депресија Финците се најголемите потрошувачи на кафе во светот. Во просек еден Финец пије околу 1.640 чаши кафе годишно. Кога во Финска почна да се продава кафе, во 18 век, тоа се користело само како лек за депресија и можело да се купи во аптеките. Најновите истражувања покажуваат дека 2-3 чаши кафе дневно може да ја намалат појавата на депресија и до 43 проценти.

Египет –

коријандерот штити од труење со храна Ова е еден од најстарите зачини во светот кој Египќаните го користат кога имаат стомачни проблеми. Истражувањата покажуваат дека семките од коријандерот го забрзуваат и го забрзуваат опоравувањето на цревни инфекции. Коријандерот ги уништува бактериите, вклучувајќи и ешерихија коли, салмонела и други.

Нов Зеланд –

lek3-300x300медот спречува појавување на синуси и инфекции на грлото Медот е еден од најефикасните лекови кои жителите на Нов Зеланд го користат за да се ослободат од инфекции на грлото и на синусите. Истражувањата покажуваат дека природните антибиотици и ензими во медот ги уништуваат речиси 100 проценти од бактериите вклучувајќи ги и оние кои предизвикуваат инфекции на грлото и синусите.

Мексико –

алое вера смирува осип на кожата Традиционалните исцелители во Мексико ја препорачуваат билката алое вера како лек против осипи на кожата и други проблеми. Истражувањата покажуваат дека Алое Вера може да намали црвенило, го забрзува заздравувањето на раните, а го зголемува и нивото на влажноста на кожата и ја зајакнува отпорноста на надразнувачи кои може да се најдат во сапуните и другите средства за нега на кожата.

Русија –

кефирот го смирува синдромот на нервозни црева Русинките пијат големи количини на кефир, а го користат како лек против синдромот на нервозни црева кои предизвикуваат надуеност, болка и дијареа. Кефирот во однос на јогуртот содржи најмалку пет пати повеќе здрави пробиотици неопходни за нормално функционирање на цревата.

Грција –

арниката спречува модринки Ова растение расте во планинските региони на Грција и една од најпознатите природни лекови против модринки во оваа земја. Таа моментално е и најпопуларниот хомеопатски лек во светот, и е феноменален за спречување, лекување на модринки, па дури и кај оние кои се јавуваат по операција. Таа е богата со растителни соединенија кои го намалуваат отокот за дури 30 проценти и ја подобруваат циркулацијата на оштетеното ткиво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top