Free songs
Home / природен лек / Чај против рак на јајниците

Чај против рак на јајниците

Жените кои секојдневно пијат барем еден чај, без разлика дали е црн, зелен или билен, имаат за десет проценти помала веројатност за развивање рак на јајниците отколку жените кои воопшто не пијат чај.

Добарата вест е тоа што со пиење на две или повеќе шољи чај дневно се зголемува и корисното влијание на напитокот.    

caaajИмено, ризикот од рак на дојка се намалува за 12 до 13 проценти кај испитаничките кои пиеле две или повеќе шољи од овој лековит напиток.    Жените пак кои пијат по четири или повеќе чаја дневно, без разлика дали е чајот црн, зелен или билен, го намалуваат ризикот од рак на јајниците за цели 30 проценти.

Ракот на јајниците е попознат како тивок убиец, бидејќи кај повеќето жени симптомите се појавуваат веќе во крајната фаза од болеста.     Главниот фактор на ризик вклучува слична болест во семејството, дијагностициран рак на дојка или пак менструација во рана возраст.

На поголем ризик се подложни жените кои имаат вишок на килограми и оние кои се под хормонски терапии.    

Истражувањето покажа дека пиењето чај има низа корисни влијанија врз нашиот организам, но покажа и дека зелениот чај не е ништо подобар од билниот или овошниот чај.     

Истражувањата спроведени на животни сугериираат дека чајот го инхибира растот на клетките на ракот на јајници, а сличен тест спроведен кај луѓе покажал некозинстентни резултати.

ТЗМ.мк

Share Button

One comment

  1. Thank you very much

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top