Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / бабини рецепти / Народен лек за проширени вени и капилари

Народен лек за проширени вени и капилари

Проширените вени настануваат како последица на слаба циркулација и оптеретеност на крвните садови, а доколку не се лекуваат навреме, доведуваат до потешки заболувања и тромбоза. Природата нуди многу лекови кои можат да ги ублажат и спречат проширените вени.

prosireni veniТиквата лечи проширени вени

Лекот за уморни нозе и проширени вени е тиквата. Изрендајте едно парче свежа тиква и смесата ставете ја на критичните места. Ефектот ќе го забележите уште по првиот третман.

Невен:
Растението невен е полезно за испуштени вени. Се става облога од ова растение надворешно како третман за оваа болест. Цветот од ова растение исто така е полезно и се употребува надворешно како облога, бидејќи е одличен лек против секое воспаление на кожата.

Маст од невен за проширени вени

Два грста невен (цветови, стебло и листови) се сечкаат на мали парчиња.
Се загрева 500 гр. свинска маст, па во врелата стопена маст се додава невенот. Оставете кратко да зоврие, па садот тргнете го од оган.
Наредниот ден загрејте ја смесата да стане течна за да може да се исцеди и да се отстранат парчињата невен.
Подготвената маст чувајте ја во тегла или друг соодветен сад и секојдневно (неколку пати на ден) мачкајте ги заболените места.

prosireni veni 22Сокови од зеленчук: 
Свежите сокови од зеленчук, особено сокот од морков во комбинација со сок од спанаќ се докажа како полезен во третманот за оваа болест. Одност на овој сок изнесува 300мл. сок од морков и 200мл.сок од спанаќ.

Див костен

Дивиот костен е многу ефикасен лек за проширени вени, односно видно ги намалува проширувањето на вените, болката, заморот и отокот на нозете. Тој ги намалува воспалителните процеси и го зацврстува крвокотот, со што го намалува отокот на нозете и ги намалува грчевите. Поради неговите лековити својства во народната медицина се користи за правење мелеми за болки во нозете и проширени вени и се препорачува негова секојдневна употреба.

Јаболков оцет 

Масажа со јаболков оцет и негово консумирање напоредно помагаат кај проширените вени. нежно масирајте се со јаболков оцет, наутро и навечер. Не притискајте силно, туку само втријте го нежно оцетот. Напоредно, се пие чаша млака вода со две супени лажици јаболков оцет. Потребно е околу еден месец постојано да го користите овој третман како би можеле да ги видите резултатите.

Но­се­ње­то ела­стич­ни чо­ра­пи е од го­ле­ма ко­рист ка­ко пре­вен­тив­на мер­ка, но и ка­ко те­ра­пи­ја за про­ши­ре­ни­те вени ко­га хи­рур­шка­та ин­тер­вен­ци­ја не е не­оп­ход­на.

Совети: како да се превенира напредувањето на болеста?

  1. Одржувајте ја телесната тежина во препорачаните рамки за Вашата висина, возраст и општа состојба на организмот
  2. Консумирајте храна богата со влакна
  3. Не консумирајте солена храна
  4. Немојте долго да стоите или седите, но доколку морате, задолжително правете паузи со шетање или повремено правете вежби за вени, на пример кружни движења со стапалата, неколку чекори, или пак повеќепати подигнете се на врвовите на прстите
  5. Пешачете барем половина час во текот на денот за да ја подобрите циркулацијата
  6. Немојте да седите со прекрстени нозе
  7. Подигнете ги нозете секогаш кога ќе можете. Додека седите, ставете ги на друга столица или на перница, за да го олесните враќањето на крвта во правец на срцето
  8. Избегнувајте високи потпетици и претесна облека во пределот на нозете
  9. Спијте на левата страна, поставете една перница зад грбот, а нозете подигнете ги со друга перница
  10. Избегнувајте солариум, сауни и топли бањи. Топлината предизвикува ширење на крвните садови,
  11. Туширањето на нозете со студена вода помага да се регулира правилната циркулација
  12. Пијте доволно течности, пред сѐ минерална вода, природни сокови и чај

 

Share Button

2 comments

  1. Зошто не овозможите да можеме советите и народните лекови да може да си ги испринтаме?

  2. Ima nekoi napisi sto gi imam citano ama ne doobjasnuvaat do kraj na primer za div kosten za prošireni veni ili sok od morkov i cveklo sto so niv se jade se mačka na bolno mesto

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top