Free songs
Home / аларм / Мажи внимавајте: Силни мускули, слаб имунитет

Мажи внимавајте: Силни мускули, слаб имунитет

Мачо-мажите, се чини, не ќе можат веќе да ги импресионираат жените на прв поглед. Новите истражувања покажуваат дека зад фасадата на ваквите снажни и моќни мажи, всушност, се кријат организми со послаб имунитет и со поголема склоност кон заболувања.

teretana2Научниците од Универзитетот “Стенфорд” открија дека мажите со големо количество тестостерон во организмот имаат помалку ефикасен природен одбранбен систем и помала способност за одбрана од грип.

ПОПОДЛОЖНИ НА ИНФЕКЦИИ

Ова истражување, велат лекарите што го спроведоа, може да објасни зошто мажите се поподложни од жените на дузина инфекции, од бактериски и вирусни до габични и паразитски. Исто така, тука би можел да се крие и одговорот на прашањето зошто природниот одбранбен систем на мажите послабо одговара на вакцините против грип, хепатитис, жолта треска и други заразни болести.

– Ова е прво истражување кое ја покажа јасната поврзаност помеѓу нивоата на тестостерон, експресиите на генот и способностите за одговор на одбранбениот организам кај човекот – вели професорот Марк Дејвис, раководител на истражувањето.

Тој додава дека неговото откритие веројатно нема да ~ се допадне на војската мажи што голтаат суплементи на база на тестостерон.

teretanaЗа потребите на истражувањето, научниците проучувале како функционира природниот одбранбен систем кај 34 мажи и кај 53 жени, стимулирани со вакцина против грип. Како што претпоставуваа научниците, вакцината произвела значително зголемување на бројот на заштитните тела кај жените. Со натамошни анализи откриено е дека причина за активноста на генот кај мажите со високо ниво на тестостерон бил поврзан со ослабен имуноодговор. Мажите со пониско ниво на тестостерон како жените не реагирале на тој начин.

За нив зголемувањето на активноста на истите тие гени не донело никаква поврзаност со начинот на кој одговараат на вакцинирањето.

ДВЕТЕ ЛИЦА НА ТЕСТОСТЕРОНОТ

Иронично, едно од позитивните својства на тестостеронот, а тоа е неговото противвоспалително дејствување, би можело да објасни зошто тој го слабее имунолошкиот систем. Воспалението кое може да биде исклучително штетно за здравјето, всушност, е само некој вид проширен имунолошки одговор на организмот, а процесите што го придвижуваат исто така се нужни за ефикасна одбрана на телото од болести.

Засега сè уште е тајна зошто еволуцијата довела до тоа тестостеронот, кој ги нагласува исклучително машките карактеристики, како што се снага, цврстина на мускулите, агресија и склоност кон ризици, истовремено да го слабее имунолошкиот одговор на организмот. Професорот Дејвис смета дека една од причините би можела да биде тоа што слабеењето на имунолошкиот систем го прави мажот помалку подложен на фатални претерани реакции на инфекции, особено на такви што се јавуваат кај раните. Всушност, мажите еволуциски биле поизложувани на ранување со оглед на нивната улога на ловци, заштитници на домашното огниште и занимавање со тешки физички работи. Од друга страна, жените, иако се со посилен имунолошки систем, имаат двојно поголем ризик за смрт во ситуација на сепса и системски воспалителни реакции.

Dnevnik

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top