Home / алтернативна медицина / Зошто смеењето не помага кога сте тажни – што е среќата (Видео)

Зошто смеењето не помага кога сте тажни – што е среќата (Видео)

Следниот пат кога ќе сакате да расположите некој кој е изнервиран или несреќен, сетете се дека можеби најдобро би било да го оставите на мира.

Кога на сила се обидувате да насмеете некој кој е несреќен, можете само да ја влошите состојбата, тврдат новите истражувања. Доколку го натерате вашиот пријател да се смее кога е лошо расположен, тогаш неговиот мозок започнува да се поврзува со лоши и тажни емоции, а не добри.

smile smeenje liceИ следниот пат кога ќе се насмее, тоа ќе му пробуди лоши спомени наместо да му донесе расположение. Истражувањето укажува на тоа дека смеењето со сила не е добра идеја кога сте расположени. Подобро е да почекате да поминат чувствата на тага, несреќа или нерасположение, вели Анирбан Мукопадјај, водач на истражувањето.

„Форсирањето на луѓе кои се нерасположени на сила да се насмеат може да предизвика да се чувствуваат лошо, бидејќи насмевката се толкува како обид да бидат среќни“, вели тој.

„Постојаното смеење ги потсетува на тоа колку не се среќни. Смеењето само по себе не ја зголемува среќата или благосостојбата“, додава тој.

Дали некогаш сте се запрашале за науката на среќата? Овој професор од Харвард е тука за да ви раскаже за неа. Видеото започнува навистина бавно, меѓутоа во рок од три минути, тој веќе донесува неколку шокантни информации и објаснува зошто раскинувањето (или лошата оценка или откажувањето на вашата омилена серија) не е толку лошо колку што си мислите.

Факултети.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top