Free songs
Home / аларм / Симптоми на труење од тампони – мора да ги менувате на 3 часа

Симптоми на труење од тампони – мора да ги менувате на 3 часа

Тампоните треба да се менуваат најмногу на три часа. Во спротивно има ризик за брзо и лесно размножување на микроорганизми поради топлината и влажноста на вагината. Со тоа се зголемува и опасноста од појавата на синдромот токсичен шок.

tamponizeni-300x199Дека тампоните навистина можат сериозно да го загрозат здравјето покажуваат алармантен број на жени кои се хоспитализирани во Велика Британија поради токсичен шок. Докторите утврдиле дека шокот кај нив настанал поради труење со тампони.

Доктор Питер Кливерт од британското Здружение за заштита на жените објасни дека до шокот доаѓа кога бактеријата стафилококус ауерус произведува токсин кој се шири низ крвта, го напаѓа имунолошкиот систем и сите органи. Овој синдром е многу редок, но е опасен.

„Половина од сите случаи на токсичен шок се случуваат кај жени кои употребуваат тампони, имајќи предвид дека секој од нив има дел кој реагира во контакт со бактеријата и поттикнува ослободување на токсин“, објаснува Кливерт.

Синдромот на токсичен шок не е поврзан само за гинекологијата, иако најчесто се поврзува за употребата на тампони. За среќа, можноста за појава на ова сериозно нарушување е многу мала, посебно ако тампоните се користат правилно.

Токму поради тоа тие треба често да се менуваат, најдобро на секои три часа.

Симптомите за токсичен шок се мачнини кои се појавуваат ненадејно, главоболка, болки во грлото и мускулите, висока температура, повраќање и дијареа, намалување на крвниот притисок, дезориентираност, откажување на бубрезите.

Ако жената забележи кој било од овие симптоми, треба веднаш да го извади тампонот и ако проблемите не исчезнат, веднаш да побара лекарска помош. Лекувањето е со антибиотици. Кај речиси 30 отсто од жените кои го имале овој синдром, болеста се јавува повторно. На оние кои еднаш го имале синдромот на токсичен шок им се забранува употреба на тампон.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss