Free songs
Home / Болести и лечење / Зошто „офкаме” кога нешто нe боли?

Зошто „офкаме” кога нешто нe боли?

Секој пат кога ќе се повредиме, гласно „офнуваме“. Во прашање е природен и несопирлив инстинкт, а сега научниците мислат дека ја откриле причината за нашето офкање – ни помага да ја поднесеме болката.

stomak bolkaТрудот кој ни е потребен за да извикнеме збор како на пример „оф“ или „леле“ се смета за пренесување на сигнал на болка кон мозокот, тврди една нова студија.

Биолозите мислеле дека сме еволуирале да викаме за да ги предупредиме другите на опасност, но најновото истражување укажува на тоа дека „офкаме“ со цел самите себе да си го одвлечеме вниманието од чувствувањето на болката.

„Леле“ или „Оф“ се изрази на болка кои речиси постојат во сите јазици.

Станува збор за едноставен звук кој бара многу малку артикулација, но дава максимална јачина на звукот и како таков може да биде крајно ефикасно користен кога нешто нè боли.

Истражувачите од одделот за невробиологија и психологија на Националниот универзитет во Сингапур, за време на тестовите, откриле дека испитаниците кои гласно офкале можеле да поднесат повеќе болка подолг временски период – речиси пет секунди подолго во споредба со личностите на кои им било кажано само да седат и ништо да не прават.

Научниците уште немаат точно утврдено како и зошто доаѓа до тоа, но мислат дека автоматските пораки кои патуваат до вокалниот дел на мозокот влијаат и на пораките кои пренесуваат болка.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top