Free songs
Home / алтернативна медицина / Еве како да бегате од вирусите и грипот

Еве како да бегате од вирусите и грипот

Според кинеската медицина, зимата е поврзана со нерамнотежата во работата на бубрезите, надбубрежната жлезда и мочниот меур. Луѓето се поподложни на настинки, грип, слаба циркулација, полошо движење и нарушувања во расположението.

За да избегате од вирусите и грипот следете ги советите на докторот Нио Мао-Шинг, експерт за здравје и за алтернативна медицина.

nastinka grip temperaturaЛегнувајте порано и станувајте со изгрејсонцето

За да спиете најмалку по осум часа секоја ноќ, легнете во кревет порано. Уште подобро е ако една час пред тоа се почестите со лесна прошетка во траење од 20 до 30 минути. Ваквата навика ќе ви овозможи да имате поквалитетен сон.

Ако времето ви дозволува, секој ден излегувајте што подолго надвор на природна светлина, бидејќи таа позитивно влијае на продукција на серотонинот, невротрансмитер кој е познат и како “хемикалија на расположението”. Со тоа ќе направите едно добро дело и за својот имунолошки систем и на природен начин ќе се спасите од многу болести. Затоа дозволете сонцето да ве грее со своите зраци секој ден. Сепак бидете и внимателни, бидејќи и екстремното изложување на сонце не е добро, а сонцето е најјако помеѓу 10 часот претпладне и 3 часот попладне.

“Складиште на енергијата”

presna_hrana-00Кинеската медицина и на потењето гледа како на начин на кој се губи позитивната енергија. Затоа чувајте ги своите резерви на енергија и бидете умерени во активностите.

Кога е во прашање исхраната, кога е студено треба да се избегнуваат суровата и ладна храна и да се намали внесувањето на солта, а да се зголеми внесувањето на кисела храна. Младото кромитче, црвениот кромид и репката што почесто нека ви бидат на менито, исто како и продуктите богати со железо, а тоа се спанаќот, брокулите и сусамот. На вашиот список нека се најдат и слаткиот компир, тиквичките и магдоносот.

Избегнувајте ладно

Облекувајте се во топли алишта и особено внимавајте на стомакот, кој е складиште на телесната енергија. Затоа пијте топли чаеви, во кои ќе додадете цимет, ѓумбир и каранфилче.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top