Free songs
Home / алтернативна медицина / Вежби за дишење при откажување на цигарите

Вежби за дишење при откажување на цигарите

Вежбите за дишење во борбата за престанување на пушењето не се изум на модерната медицина. Овие движења се користат повеќе од еден милениум во јогата.

cigariВежбите помагаат за правилен раст и развој на дишните органи и за отстранување на несаканите ефекти од пушењето. Предностите од вежбите се тестирани во текот на повеќе од еден милениум.

Тренирањето е лесно и едноставно. Треба да се прават секое утро и во текот на денот, кога ќе почувствувате желба за пушење. Со времето желбата да запалите цигара ќе исчезне.

Вежба 1.

Кога ќе почувствувате желба за пушење, излезете на свеж воздух. Исправете се и релаксирајте се. Земете длабок здив и задржете го така 3 до 5 секунди. Потоа издишете полека. Повторете ја вежбата 10 пати. Може да се појави вртоглавица, која е предизвикана од презаситеноста на мозокот со кислород.

Вежба 2.

Дишете брзо низ нос. Издишувајте. Ако замислите дека сте парна локомотива, вежбата освен корисна, станува и забавна. Започнете бавно, потоа забрзувајте го темпото. Во една серија направете 30 вдишувања и издишувања, потоа направете одмор од 1 минута. За најдобар резултат треба да се прават по 5-6 серии. Оваа вежба е препорачливо да се прави при силна желба за пушење.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top