Free songs
Home / Болести и лечење / Ве мачат киселини во желудникот – еве што помага

Ве мачат киселини во желудникот – еве што помага

Овес

Businessman holding his stomach in pain or indigestionОвесот ќе ви биде совршен сојузник во борбата против ждригавица и киселини во желудникот. Содржи бројни минерали, здрави масни киселини, влакна и јаглехидрати. Поради таквите својства, овесот бавно се вари, па е постојан извор на енергија и благотворно дејствува на севкупниот систем на варење. Тоа значи дека киселините во желудникот стануваат минато.

Ѓумбир

Ѓумбирот е исклучително делотворен кај желудочните проблеми, а посебно ефикасно дејство има на киселините во желудникот. Можете да го консумирате сам или како додаток во исхраната – супите, прилозите, салатите, па дури и во пијалаците. Неговото благотворно дејство е потврдено со многу истражувања.

Мешунки

Мешунките (грав, грашок, леќа) се хранливи густи јаглегхидрати кои имаат полно влакна, па телото лесно ги вари. Имаат стабилизирачко дејство на шеќер во крвта. Бројни студии покажуваат дека грашокот може да го намали ризикот од рак на дебелото црево, како и од другите видови карцином. Истражувањата исто така покажуваат и дека мешунките благотворно дејсвуваат на ждригавицата и киселините во желудникот.

Јаболко

Јаболките содржат низа антиоксидативни материи кои ги бранат клетките на телото од слободните радикали, но и кои му помагаат на телото во нормалното функционирање. Одамна е познато дека јаболкото добро влијае на варењето, а сега е докажано и дека ја спречува ждригавицата.

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top