Free songs
Home / Болести и лечење / Оваа навидум безопасна болест може да донесе и дијабетес и инфаркт

Оваа навидум безопасна болест може да донесе и дијабетес и инфаркт

Пародонтозата е втората (по кариесот) стоматолошка болест од која според статистиката страдаат повеќе од половина од луѓето над 30 години. Многу истражувања се посветени на етиологија на оваа болест, но сепак не може да каже дека се откриени вистинските причини за создавањето. Пародонтот се состои од забно месо, пародонтни лигаменти, алвеоларна коска и цемент на забите. Воспалувањето на пародонтот спаѓа во најчестите хронични болести на човештвото, а за најчести причини се сметаат бактериите од инфицираниот забен плак или камен.

zabar 2ТРИ СТАДИУМИ
Се разликуваат три стадиуми од кои во почетокот тој претставува лесна форма што постепено напредува. Еден од првите знаци е појавата на непријатно чувство во областа на непцата предизвикувајќи чешање, црвенило, вкочанетост. Овие чувства можат да бидат единствените симптоми подолго време. Со развојот на болеста непцата отекуваат, често се појавува непријатен мирис од устата и крвавење на непцата.

Интересен е фактот дека настанот на пародонтоза може да биде сосема и друга: наместо Истакнатите карактеристики – црвенило и отекување на непцата – да следува обратен процес – тие стануваат невообичаено бледи.

За прогресија на болеста е карактеристично што може да доведе до губење на забите. Недостатокот од конкретни податоци за причините за пародонтозата не дозволува спроведување на одредена терапија. Генералното лекување е насочено кон зголемување на реактивност на организмот, употреба на витамини, нормализација на метаболичките процеси, а тоа на крајот има цел уништување на воспалителните процеси. Заедно со конзервативното лекување, вклучувајќи вакуум-терапија и физиолошки третман, се применува и хируршко лекување.

zabarka-520x311За да се избегне ова непријатно заболување, експертите советуваат површината на слузницата на непцата да се чисти од двете страни со помош на салфетка, со прсти и дури со јазик. Многу погодна за оваа намена е сувата салфетка од газа. За плакнење на устата може да се користи раствор од сол или сода, а при воспаление на непцата се препорачува и плакнење со лист од босилек.

Може да предизвика инфаркт
Проблемите со забите и непцата го зголемуваат и ризикот од дијабетес, покажуваат истражувањата.

Негрижата за забите доведува до формирање забен камен, кариес и сето тоа влијае на лошиот здив. Последните истражувања на американските научници во оваа област покажуваат дека болестите во усната шуплина водат исто до зголемен ризик од дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.

– Систематска посета кај стоматолог може да го намали ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, напади и аритмија, а исто така и од дијабетес – тврди Гвен Коен Браун, експерт во Министерството за здравство на САД.

Според него, ако човек не ги мие забите по јадење, меѓу нив почнува да се акумулираат бактерии, кои понатаму може да навлезат во крвта. Бактериите кои се наоѓаат во усната шуплина, порано или подоцна ги загадуваат крвните садови.

srce33-300x201Според авторите на истражувањето, објавено во American Journal of Public Health, речиси 80 отсто од возрасните луѓе страдаат од разни заболувања на забите и непцата.

Пародонтозата ако не се лекува и ако се занемарува фактот дека болеста е присутна, со текот на нејзиниот развој може да доведе и до инфаркт.

Експертите препорачуваат миење на забите по секој оброк, чистење со забен конец како дополнителна мерка и редовни прегледи кај стоматолог.

Знак за посериозна болест?
Парадонтозата може да биде знак за развојот во организмот на канцерогени и други тешки заболувања, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од научниците на Каролинскиот институт во Шведска.

Во текот на 16 години тие набљудувале над 3.000 пациенти. Заклучоците, направени од експертите. се дека дури и при релативно млади луѓе што страдаат од пародонтална болест, веројатноста од предвремена смрт како резултат на некакво сериозно заболување е значително повисока отколку кај другите.

Научниците сметаат дека пародонтална болест претставува значително поголема опасност за здравјето отколку што се верува во моментот.

Идните мајки да внимаваат на забите
Во истражувањето направено од Стоматолошкиот факултет на Universidad del Valle, Колумбија, учествувале 373 жени, бремени во 26 до 36 недела.

Кај 130 жени била дијагностицирана прееклампсија. Оваа состојба се јавува исклучиво во текот на бременоста и се одликува со висок крвен притисок и зголемено количество протеини во урината.

Како резултат на истражувањето се утврдило дека од парадонтоза страдале 64 отсто од жените со прееклампсија и 36 отсто од тие кај кои бременоста се одвива нормално.

Истражувачите велат дека жените што не се грижеле доволно за своите заби пред да останат бремени, имале поразвиен пародонтитис отколку другите.

Резултатите од истражувањето кај заболените трудници укажале на предвремено породување или недоволната тежина на новороденчето. Затоа лекарите препорачуваат идните мајки да ги решат сите проблеми со забите уште пред забременувањето.

Дневник

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top