Free songs
Home / природен лек / Ублажeте ги киселините на брз и природен начин

Ублажeте ги киселините на брз и природен начин

Некои лекови, одредена храна, емотивен стрес, пушење, брзо јадење, несоодветно џвакање или лежење по јадење може да предизвика киселини.

Природни методи кои можат да ја намалат оваа непријатност:

Businessman holding his stomach in pain or indigestionПомали оброци

Обидете се да јадете четири или пет помали оброци наместо три големи. Поголемите оброци се претешки, а полниот желудник може да го влоши враќањето на киселините.

Гума за џвакање

Гумите за џвакање без шеќер можат да помогнат бидејќи го поттикнуваат излачувањето на плунката која е базна и помага да се неутрализира киселината. Ова го ублажува подригнувањето, но не го спречува враќањето на киселината во хранопроводот.

Исправете се

Нешто така едноставно како исправено држење после оброкот може да помогне храната и киселината да останат во желудникот наместо да се враќаат во хранопроводот. По оброкот немојте да легнувате.

Престанете да пушите

Цигарата е навистина пропаст за здравјето. Никотонот го опушта сфинкерот на хранопроводот, па така киселината навлегува во него. Покрај тоа, цигарите го поттикнуваат производството на киселини во желудникот.

Намалете ги килограмите

Дебелината е ризичен фактор за подригнувањето и ГЕРБ-от. Една студија покажала дека секој вишок килограм за ГЕРБ-от станува се поголем проблем.

Додадете билни зачини

Многу зачински билки помагаат при создавање на заштитен слој долж слузницата на хранопроводот, па така го штитат од киселини.

ХајдПарк

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top