Home / нови лекови / Трудниците први ќе ги уживаат ЕУ правилата

Трудниците први ќе ги уживаат ЕУ правилата

Екстра правна заштита добија трудниците во Македонија, но и жените кои неодамна се породиле, откако од 29 декември минатиот месец започна детално да се усогласува македонскиот Правилник за работа со тој на Европската Унија.

Со овие законски подобрувања, трудниците, но и жените кои неодамна се породиле, а се во работен однос, од државата добиваат позаштитна положба во однос на евентуалното и нехумано нивно работно ангажирање на работната позиција.

Злоупотребата на Правилникот го надгледува Државниот пазарен инспекторат. Од Министерството за труд и социјална политика за Судство.мк. велат дека ќе се применат сите законски средства за соодветно казнување на работодавачот кој нема да ги почитува правилата.

Работното место на оваа категорија не смее да биде работа под услови на силен стрес и психички напор што може да биде штетно за плодот, не смее да е тешка физичка работа, а бремената работничка не смее да ракување со товар потежок од 5 килограми.
целиот текст прочитајте го на Судство.мк 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top