Free songs
Home / Болести и лечење / Што значи да се земе лекот пред, во текот или по оброкот

Што значи да се земе лекот пред, во текот или по оброкот

Советот на лекарите медикаментот да се земе пред, во текот или по оброкот можеби е тешко точно да се разбере но е многу важен, порачуваат германските фармацевти.

pill-apceЛековите треба да се земаат во одредено време, бидејќи храната може да го забави или да ја забрза нивната апсорпција, како и да го зголеми или ослаби нивниот ефект, се наведува во препораките на здружението на фармацевти од германската покраина Долна Саксонија.

Според овие препораки, доколку се препорачува земање на лекот пред оброкот, тоа значи половина час до час пред оброкот. Доколку, пак, медикаментот треба да се консумира во текот на јадењето, тоа значи непосредно пред или по оброкот или, пак, во текот на јадењето. Земањето на лекарство на празен желудник значи веднаш по станувањето од спиење или најмалку два часа по некој оброк, советуваат германските фармацевти.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top