Free songs
Home / сведоштва / Поради лекарска грешка четири пати доживеала клиничка смрт

Поради лекарска грешка четири пати доживеала клиничка смрт

Марина Коњикушиќ Дивиќ цели 13 години ја лечеле од болеста епилепсија која воопшто не ја имала, поради што доживеала клиничка смрт дури четири пати.

Нејзиното искуство е несекојдневно, а таа на се гледа позитивно, сметајќи дека сигурно се вратила со причина. биде причина. Една од нив била и таа да им помогне и на другите со сличен проблем. Срцето на 36-годишната Марина Коњикушиќ Дивиќ од Панчево, сопруга на фудбалерот Петар Дивиќ и мајка на осумгодишниот Марко, четири пати престана да чука поради што четири пати доживеала клиничка смрт. Првиот пат тоа ѝ се случило кога имала 17 години, а четвртиот пат пред неколку години.

bol.jpg500Таа вели дека, додека практично била мртва, ништо не почувствувала, но дека доживеала ситуација која ја нарекла „поглед одозгора“.

– Гледаш сè. Ги гледаш сестрите, лекарите. Сите се избезумени, се обидуваат да те вратат во живот. Никакви чувства немав. Но, тоа да се гледам самата себеси мене ми беше доволно дури и сега да се наежам. Сигурно не беше тоасон, затоа што и вториот пат кога бев клинички мртва исто така, не можев да видам, но слушнав се што се случува во просторијата околу мене – рекла Марина.

Марина вели дека проблемите започнале кога имала 13 години. Често ја губела свеста, а лекарите констатирале епилепсија, од која ја лекувале полни 13 години, сè додека во Сремска Каменица во 2002 година не сфатиле дека станува збор за нарушување на срцевиот ритам, таканаречен продолжен „QT“интервал. Поради тоа на Марина во Берлин ѝ е вграден дефибрилатор кој практично ја одржува во живот.

– На крај се испостави дека вградувањето на апаратот е најобична краткотрајна операција, која може да се прави и во локална анестезија, не е ништо многу комплицирано. Се вградува под мускулите, едната жица оди во преткомората, една оди во срцевата комора и кога ќе дојде до напад, односно до нарушување на срцевиот ритам тој праќа струен импулс и го враќа срцето во нормала – објаснила Марина.

Во сето тоа било прашањето дали ќе може да има деца, бидејќи лекарите сметале дека бременоста може да ѝ го загрози животот. Таа успеала да се избори и со тоа и пред осум години на свет го донела Марко. Но, набргу после тоа преживеала уште една клиничка смрт. Ниту во најтешките моменти не се откажувала, бидејќи нејзиното семејство ѝ е најголема поддршка. Марина вели дека за да издржи еден човек во такви состојби на болести, мора да има луда волја за живот.

– Лекарите сметаа дека бременоста ќе ми го загрози животот, но не сакав да ги слушам и да отстапам, такашто пред осум години го родив Марко и набрзо потоа доживеав уште една клиничка смрт, вели Марина.

– Покрај семејството, пријателите, роднините, кои те држат и ти даваат сила да одиш понатаму, дека нема стоење, дека не постои „не можам повеќе“, се предавам. Мене милион пати ми дојде да „кренам раце“ и да речам дека не можам повеќе да се борам, како поради болките, така и поради психичкото оптоварување, но кога ќе се свртиш зад себе и кога знаеш кого сè оставаш, кој сè те сака, на кого сè ќе му недостасуваш. Најлесно е да се предадеш. Додека бев помлада, додека немав семејство, сопруг, син, па и ден денес, верувам дека сум доволно добра и праведна личност така што, ако постои некој горе, не сака да ме земе веќе четири пати и дека ме враќа на земјата со некоја причина – рекла Марина.

Експертите од Клиничкиот центар ја повикале Марина да гостува на конгресите како некој кој и со своите искуства би можел да помогне. Поради тоа таа сака да основа фондација која ќе им помогне на луѓето, особено на децата, со вакви и слични проблеми. Марина верува дека токму тоа е мисијата на нејзиниот живот кој и пружил и петта шанса.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top