Free songs
Home / аларм / ПРЕСМЕТАЈТЕ ГИ ТОЧНО ПЛОДНИТЕ ДЕНОВИ

ПРЕСМЕТАЈТЕ ГИ ТОЧНО ПЛОДНИТЕ ДЕНОВИ

Зачнувањето кај здравите жени е можно само неколку денови во текот на циклусот, а само два се најплодни денови. Тие денови се сметаат во зависност од траењето на циклусот, но запомнете дека и тој варира и дека се менува со годините.

s-PREGNANCY-TEST-TESTICULAR-CANCER-largeКОЈ ПЕРИОД СЕ СМЕТА ЗА ПЛОДЕН?

За плоден период обично се сметаат четирите денови пред овулацијата и трите денови по овулацијата, иако најплодни денови се самиот ден на овулацијата, како и денот пред и денот после. Повеќето бремености се резултат на сексуалниот однос кој се случил три дена пред, на денот или ден по овулацијата. Сперматозоидите во телото можат да преживеат 3-5 денови, а јајце-клетките до 24 часа, затоа плодните денови траат и по седум денови.
Ако сметате од првиот ден на менструацијата, под претпоставка дека имате уреден цилус кој трае 28 денови, плодни денови ви се 11., 12., 13., 14., 15., 16. и 17. ден. Со тоа што 13., 14. и 15. се најплодни.

КАКО ТОЧНО ДА ГИ ПРЕСМЕТАТЕ ПЛОДНИТЕ ДЕНОВИ?

– Ако жената има уредни менструални циклуси (растојание од 1. ден на менструацијата до 1. ден на наредната), со траење од 26 до 34 денови, тогаш плодните денови можеме да ги пресметаме на следниов начин:
– Од најкраткиот забележан менструален циклус се одбива 18 за да се добие првиот плоден ден од циклусот. Од најдолгиот забележан циклус се одбива 11 за да се добие последниот плоден ден од циклусот. Во правилниот 28-дневен циклус плодни денови се од 10. до 17.
28 – 18 = 10. ден (почеток на плодните денови)
28 – 11 = 17. ден (завршеток на плодните денови)
– Друг пример: Жената која има циклуси од 28 до 32 денови. Значи: 28 – 18 = 10, 32 – 11 = 21, па плодните денови теоретски паѓаат од 10. до 21. ден.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top