Free songs
Home / аларм / Болести кои ги добиваме поради сиромаштија

Болести кои ги добиваме поради сиромаштија

Поранешните истражувања покажале дека луѓето кои се „гризат“ поради финансиите имаа двојно поголема шанса да доживеат срцев удар отколку лицата кои не се замараат со недостиг на парите, а големата анкета на „Асошиетед Прес“ открила низа други здравствени потешкии поврзани со грижата околу буџетот.Чир на желудник и пречки во варењето.

Проблеми со дигестивниот тракт пријавиле 30 отсто лица со финансиски потешкотии, додека истите тегоби ги имаат само осум отсто луѓе кои не се грижат за парите.

nevraboten siromasen pariГлaвоболки и мигрени. Дури 44 отсто луѓе кои се под стрес поради немаштија пријавиле дека страдаат од интензивни мигрени, а од друга страна, само четири отсто лица кои не се нервираат поради пари имаат зачестени главоболки.

Депресија. Се јавува кај 25 отсто лица кои се загрижени поради парите додека од истото психичко нарушување страдаат само четири отсто финансиски безгрижни луѓе.

Напнатост во мускулите и болки во долниот дел на грбот. Лицата кои се под голем стрес имаат 65 отсто поголеми шанси да страдаат од интензивни болки во грбот или во мускулите. Покрај психичката, тие постојано чувствуваат и физичка напнатост што се одразува на овие делови од телото.

Без пари нема секс. Стресот и заморот предизвикани од материјалните проблеми здружени со монотониот сексуален живот ја гушат страста и желбата за секс. Двојките истакнуваат дека се поретко се наоѓаат со парнерот во креветот поради грижата околу парите.  Жените се жалат дека се изморени, а мажите го губат либидото поради финансиските грижи. Оставете го финансиите пред вратата на спалната соба и не заборавете го најважниот факт – сексот е бесплатен, а лековит, тоа е стара нерецесиска вистина, советуваат експертите.

Парите го разведуваат бракот. Според едно истражување дури 50 отсто лица ги кријат своите финансиски афери од брачниот партнер, а паричните проблеми се една од најчестите причини за развод, веднаш после неверството.

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top