Home / Болести и лечење / Аспиринот е штит против рак на дигестивниот тракт

Аспиринот е штит против рак на дигестивниот тракт

Аспиринот го намалува ризикот од развој на рак на цревата, желудникот и хранопроводот. Авторите на студијата од Универзитетот “Квин Мери” во Лондон утврдиле дека земањето на аспирин во период од 10 години може да го намали ризикот од развој на рак на цревата со околу 35%, а смртните случаи за 40%.

aspirin2-300x186Истражувањето е објавено во европскиот журнал “Annals of Oncology”.Случаите на рак на хранопроводот и желудникот можат да се намалат за 30%, а смртните случаи со меѓу 30 и 50%. За да се има овој ефект, треба да земате аспирин секојдневно со доза 75 -100 мг во текот на најмалку пет години.

Научниците не откриле позитивни ефекти од земањето на лекот за помалку од пет години. Аспиринот одамна даде поттик во борбата против срцеви заболувања и исто така е познат и со  ефекти. против ракот.

Последното истражување ги дава првите докази дека аспиринот може да служи како штит против повеќе  видови рак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top