Home / аларм / Секоја бактерија не е закана за здравјето – еве од што да се пазите, а што е мит

Секоја бактерија не е закана за здравјето – еве од што да се пазите, а што е мит

ВЦ-шолјата е почиста од работната маса, а кваките, телефоните или парите што ги допираат илјадници раце не се главен извор на болести, велат научниците. Тие откриле дека секоја бактерија не е закана за здравјето и дека има многу добри бактерии, кои, ако ги отстраните, создавате поволни услови и простор за штетните бактерии. Бактерии, вируси, микроби… Само неколку имиња за милионите микроорганизми скриени во нечистотиите на кои секој ден сме изложени и за кои не знаеме дали навистина се опасни или ние сме педантерии.

Но, што вели науката за ова?

bakteriiНЕЧИСТИ КВАКИ ВО ЈАВНИТЕ ТОАЛЕТИ – МИТ
Според истражувањата, на кваките има многу бактерии, а само две третини од луѓето ги мијат рацете по извршување нужда. Но, опасноста од допирање кваки не е голема бидејќи на повеќето бактерии, за да преживеат, им требаат влага и топлина. За да се заразите од салмонела, на кваката би требало да има огромен број бактерии, што во стварноста е ретка појава.

СУНЃЕРЧЕ ЗА САДОВИ – ВИСТИНА
Миењето на сунѓерчето со топла вода и со детергент ги уништува повеќето од микроорганизмите, но само ако тоа го правите редовно и темелно. Добро е често да ги менувате сунѓерчињата, барем на секои три недели бидејќи, според најновите истражувања, тие се предмети во домот со најмногу бактерии.

ЧЕТКИЧКА ЗА ЗАБИ ВО ТОАЛЕТ – ВИСТИНА
Четкичката за заби треба да биде што подалеку од ВЦ-шолјата. Секојпат кога пуштате вода, вашата четкичка “заработува” миркоорганизми, дури и ако го спуштите капакот на шолјата. Пуштањето вода како миркоспреј ги распрскува микроорганизмите низ целиот тоалет. Но, веројатноста дека така ќе се разболите е минимална бидејќи четкичките брзо се сушат, па микроорганизмите изумираат.

И на другите предмети во тоалетот лесно се лепат бактерии и габички, па затоа се советува тоалетот да се чисти двапати неделно вклучувајќи ги завесите на туш-кабината или на кадата.

ВОДНИ АЛИШТА ВО МАШИНАТА – ВИСТИНА
Ова е вистина, но само под еден услов: алиштата би требало да стојат најмалку 24 часа за да се собере големо количество микроорганизми. Со сушењето на алиштата се убиваат сите сериозни заразни болести, па нема причина за грижа. Се препорачува рацете да ги миете по секое пружање алишта.

НЕЧИСТИ ПАРИ – МИТ
Иако и монетите и книжните пари често изгледаат нечисто, не содржат доволно бактерии за да се пренесе некоја болест, а монетите дејствуваат дури антибактериски. Но, пред да јадете, задолжително измијте ги рацете.

ЗАЕДНИЧКА ШМИНКА – ВИСТИНА
Кога се шминкате, бактериите од кожата со четкичка ги преселувате во кутијата за шминка, па затоа шминката не би требало да ја делите со други. За среќа, на овој начин може да добиете само акни и слични бактериски инфекции. Најдобро е рацете да ги измиете пред да се шминкате, редовно да ги чистите четкичките и другите апликатори и да ја фрлате шминката два месеца по користењето. Наместо со четкичка, пудрата може да ја нанесете со чисти прсти.

ЗАРАЗА ОД СТАРИ ПЕРНИЦИ – МИТ
Со повеќегодишно користење иста перница, во неа ќе се појават милиони суштества, но, за среќа, тие се безопасни. Најчесто во перниците живеат истите безопасни бактерии како и на нашата кожа. Повеќето од перниците попрво ќе станат незгодни за спиење и ќе се расипат отколку да го достигнат опасното ниво на зараза.

КРЕВЕТСКА ПОСТЕЛНИНА – И ВИСТИНА И МИТ
Теоретски, постелнината може да биде извор на зараза, но само во нехигиенски услови – повеќето луѓе редовно ја менуваат постелнината и ја перат на висока температура. И новиот мебел може да е извор на миркоорганизми, но тие се опасни само за луѓето што се алергични.

НЕЧИСТИ ПРЕДМЕТИ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА – ВИСТИНА
На работната маса има околу 400 пати повеќе бактерии отколку на ВЦ-шолјата. Но, за среќа, бројот на бактерии не мора да е поврзан со нивната штетност, па повеќето канцелариски бактерии се безопасни. Откриено е дека на една третина од масите, телефоните, тастатурите и на компјутерските глувчиња има вируси што предизвикуваат настинка и грип. Во овие услови вирусите преживуваат два-три дена.

КАНАЛИЗАЦИСКИ ОДВОД – МИТ
Одводите во тоалетот и во кујната се места каде што се собираат најстрашните бактерии од рекламите, но бидејќи во одводот често пуштаме вода, сапуница, детергент и редовно ги чистиме овие места, причина за паника нема. Сапуницата со која ги миеме рацете ќе го заврши поголемиот дел од работата.

НЕЧИСТ ПОД ВО СПОРТСКИТЕ САЛИ – ВИСТИНА
Иако подовите во спортските сали редовно се чистат, во текот на денот поминуваат многу луѓе и речиси е невозможно целосно да се исклучи можноста за зараза од некои габични и вирусни инфекции.

Дневник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top