Home / Болести и лечење / Парадентозата – заштита

Парадентозата – заштита

Експертите предупредуваат дека дури шест од 10 возрасни лица страдаат од воспаление на непцата. Исто така, алармантен е и податокот дека парадентозата не ги загрозува само забите, туку и здравјето на целиот организам.

paradontoza1Превенцијата од парадентоза е многу едноставна и има одлучувачко влијание врз прекинот на напредокот на болеста. За добри и здрави заби најважни се добро негувани непца.

Парадентозата е болест на забното месо, која се развива полека: поради погрешна исхрана, недоволна хигиена на устата, како и наследен фактор. Еден од почетните знаци на парадентоза е повремено крварење на непцето при миење на забите, како и воспалување на непцата.

Доколку не се лекува, воспалението се шири, а парадентопатијата напредува. Се формираат парадентонални џепови (простор меѓу воспаленото непце и коренот на забот), кои се најважен знак за парадентопатијата.

Хроничното воспалување во џеповите на непцата со текот на времето доведува до оштетување на меките ткива и настанување на мали ранички. Преку нив бактериите лесно стигнуваат во крвта.

Според најновите истражувања, утврдено е дека воспалувањето на непцата двојно го зголемува ризикот од инфаркт, како и од мозочен удар.

Речиси секој може да заболи од парадентоза, но сепак докажано е дека во некои семејства постои пречувствителност. Ризикот се зголемува кај лицата кои имаат послабо лачење на плунка. Алкохолните пијалоци влијаат на намалување на создавањето плунка.

Пушењето го спречува обновувањето на оштетените непца, па затоа парадентозата е почеста кај пушачите.

Дијабетичарите често имаат воспаление на непцата. Најдобар начин за спречување на оваа болест е правилна нега на забите, односно нивно редовно и темелно миење по секој оброк, а обврзно пред спиење и по секое конзумирање на слатки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top