Free songs
Home / природен лек / Што сè лечи виновата лоза

Што сè лечи виновата лоза

Освен свежото грозје и виното, и листот на виновата лоза е лековит и богат со витамини и минерали. Во него има доста витамини (Ц, Е, А, Б6, како и ниацин, железо, влакна, рибофлавини, фолати, калциум, магнезиум, бакар и манган). Се користи како антивоспалително средство и за подобрување на циркулацијата.

listovi-vinova-loza-grozdje-6f96c2f5Антивоспалително дејство

Листовите на виновата лоза имаат благо антивоспалително дејство. Хроничните воспаленија се причинители на многу сериозни болести, како што се срцевите заболувања, многу видови рак, Алцхајмерова болест и болести на системот за варење. Додека животниот стил и генетиката придонесуваат за развојот на хроничните воспаленија, исхраната која е богата со антивоспалителни состојки е најдобрата стратегија за намалување на долгорочните ризици од различни болести.

Хронична венска инсуфициенција

Според истражувањето спроведено во 2010-та година, билните екстракти од винова лоза до намалуваат едемот кај луѓето кои страдаат од хронична венска инсуфициенција. Тоа е состојба која се карактеризира со враќање на крвта во нозете, наместо во срцето. Кога крвта тешко се враќа во срцето, нозете можат да отечат, што предизвикува едем.

Останати примени

Листовите на виновата лоза се користат и за лечење пролив, тешки менструални крварења, крварења од матката, чирови и вагинални секрети. Американците користат чај од овој лист и за хепатитис и желудечни болки.

Portal.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top