Home / нови лекови / Руски научници направија вештачки мозок кој може сам да учи

Руски научници направија вештачки мозок кој може сам да учи

На чекор поблизу до развивање на вештачка интелигенција, руски научници создадоа физички модел на мозок кој може сам да се едуцира.

Меѓународен тим на научници во лабораторијата на Државниот универзитет Томск во западен Сибир, создадоа направа која може да биде вештачки носител на природен ум, кој може да учи и да реагира на средината, според извештај за медиумите објавен од универзитетот во понеделникот.

simptomi-mozocen-udar-23Руските научници формирале тим со своите колеги од Германија, Бугарија, Украина, Белорусија и Казахстан, за да го решат проблемот кој ги измачува истражувачите со децении: процесот бара копирање на 100 милиони мозочни неврони и каталјон од нивните конекции. Основниот систем на роботскиот комплекс моментално се развива како интелектуален контролен центар.

„Прво, изградивме математички и компјутерски модели на човечкиот мозок“, рекол водачот на лабораторијата, Владимир Сирјамкин во извештајот. „Потоа, електронска направа со перцептрони беше изградена. Способен е да процесира различна информации (видео, звук итн.)“.

Физичкиот прототип може да акумулира животно искуство од различни екстерни стимуланси, како на пример да се тргне настрана од изворот на светлина. Во случај на успех, вештачкиот ум го памети тоа и го користи во слични ситуации.

„На крајот, вештачкиот мозок може да биде аналогија за биолошки модел“, вели главниот развивач на проектот, Владимир Шумилов. „Имаме колосална работа пред нас, но еден голем чекор е веќе направен – успејавме да ја решиме мистеријата на мозочниот нервен систем“.

„Создавањето на нови невронски мрежи и дегенерацијата на оние кои веќе постојат се случува и во нашиот физички модел, исто како во човечкиот мозок. Тоа е процесот на заборавање кај луѓето“, додал Шумилов.

Во иднина, проектот ќе биде надгледуван од биолози и психолози, но неговата најголема примена се гледа во полето на здравството. Вештачкиот мозок може да биде употребен да се направат модели на патологичната состојба на различни форми на деменција, како Алцхајмерова или Паркинсонова болест, и да се одберат методи за лечење на зависност од дрога

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top