Home / алтернативна медицина / Рецепти за рак на простатата на Батулин

Рецепти за рак на простатата на Батулин

Јуриј Батулин, исцелител, психолог, биоенергичар и автор на сопствен систем за самоизлекување и на познатата “Енциклопедија за самоисцелување” вели дека кај многу болести на машките полни органи, вклучувајќи ги и туморите, како ефикасни се покажале следните рецепти:

karcinomprostata1404336457_thumb_medium490_0о Рецепт 1

Земете сладок корен (lat. Glycyrrhiza glabra). Една лажица смелен сладок корен прелијте со половина литар зовриена вода и варете го 15 минути во неоштетен емајлиран сад. Тргнете го садот од шпоретот и поклопен оставете го да отстои преку ноќ. Пијте по третина чаша од овој чај, 20 до 30 минути пред јадење. Истовремено земајте по 30 до 40 капки тинкутура од прополис 2-3 пати дневно.

о Рецепт 2

Земете сушена коприва, полска преслица и листови од брусница и помешајте еднакви количества од овие исушени билки. Една лажица од мешавината прелијте со чаша превриена вода и оставете да отстои во термос 1 час. Пијте по половина чаша трипати дневно 20-30 минути пред јадење. Истовремено ставајте во ректумот чепчиња (супозитории) од прополис трипати дневно.

Ракот е сериозна болест која бара сложен третман и посебен пристап. На сите кои имаат проблем со простатата, Батулин им советува да престанат да пушат, да не консумираат алкохолни пијалаци, наркотици и кофеин, како и многу зачинета храна која ја иритира слузокожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top