Home / Болести и лечење / 10 Симптоми на рак кои сите ги игнорираат

10 Симптоми на рак кои сите ги игнорираат

Некои од симптомите можат да бидат и доста чести, но голем број од мажите, како и жените ги игнорираат.

Погледнете кои се 10те најчести симптоми на ракот:

1. Краток здив

grb bolkaЕден од првите знаци за ракот на белите дробите, а пациентите кои заболуваат од истиот кажуваат дека ги забележале симптомите, е отежнатото дишење односно краток здив и шуштење. Честата погрешна дијагноза, која луѓето самите си ја поставуваат, е дека имаат астма.

2. Хронична кашлица и болка во градите

Неколку врсти на ракот, вклучувајќи ги леукемијата и ракот на белите дробови, предизвикуваат појава на симптоми како кашлица или бронхитис. Еден од начините на кои можете да ја препознаете разликата е дали проблемот е константен или исчезнува повремено. Ако имате константна кашлица или болка, задолжително направете анализи.

3. Чести инфекции

Честите инфекции се симптоми на леукемијата, односно во нашата крв започнува производство на абнормална количина од белите крвни садови и истите не можат ефикасно да се борат против инфекцијата. Леукемијата често се открива кај возрасните луѓе дури тогаш кога пациентот се жали на чести појави на грозници и симптоми слични на грип.

4. Тешкотии во голтањето

Тешкотии во голтањето најчесто е симптом поврзан со ракот на грлото или еден од првите симптоми на ракот на белите дробови.

5. Натечени лимфни јазли, под пазувите или на препоните

Зголемените лимфни жлезди укажуваат на промени во лимфниот систем, што може да биде знак на рак. Безболната грутка под пазувите често упатува на ракот на дојката, додека пак грутката на препоните и вратот, може да упатува на ран знак на леукемија.

modrici (1)6. Прекумерно создавање на модринки

Овој симптом може да биде показател за некои абнормални активности на црвените крвни зрнца, што пак често упатува на леукемијата. Создавање на модринки на чудни места, како прстите и дланките и црвените дамки на лицето, вратот, градите, се симптоми кои не смеете да ги игнорирате.

7. Болка во стомакот или карлицата

Сама по себе, болката во карлицата може да упатува на повеќе работи. Тоа е чест симптом на цисти на јајниците, па затоа овој знак често се игнорира, а не смее.

8. Ректално крварење

Еден од првите симптоми на ракот на дебелото црево е ректалното крварење или крв во столицата. Во случај да ги забележите овие симптоми, треба веднаш да се обратите кај вашиот доктор.

nokti9. Губење на тежина

Доколку забележите дека килограмите се топат, а вие не сте направиле никаква промена во исхраната или животниот стил, потребно е да се запрашате зошто е тоа така. Губењето на тежината е ран знак на ракот на дебелото црево и истиот влијае врз апетитот и способноста на организмот да се ослободи од „отпадот”.

10. Промени на ноктите

Чудните промени на ноктите можат да бидат симптом на различни видови на рак. Кафените или црните црти и точки под ноктите укажуваат на рак на кожата. Бледите или бели нокти, можат да бидат знак дека црниот дроб не функционира правилно, а тоа е симптом на ракот на црниот дроб.

Направете ги своите прегледи уште денес и ослободете се од сомнежите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top