Free songs
Home / аларм / Расипана храна – сериски убиец

Расипана храна – сериски убиец

Според најновите податоци на Светската здраствена организација, милиони луѓе годишно умираат од расипана храна. Овие резултати беа протолквани од страна на експертите како предупредување дека болеста предизвикана од конзумирањето на расипана храна, е далеку посмртоносна отколку претходно што се претпоставувало. 

pokvarena-hranaСамо во Југоисточна Азија и на африканскиот континент секоја година умираат од 1,2 милиони луѓе од расипана храна, не сметајќи ги бројот на децата под пет години, што претставува три пати повеќе отколку што претходо се проценувало за целиот свет.
Болестите предизвикани од затруената храна и вода до сега се сметале претежно за закана по здравјето на децата под пет години, кои можат многу брзо да дехидрираат.
Потенцијалната опасност за постарите деца и возрасните се бактериите салмонела, листерија, хепатитис А и колера.
Експертите за безбедност имаат тенденција да ја проценат смртноста од ваквата храна кај децата од пет години и возрасните во арапските земји, Јужна Америка и во други делови на Азија, вклучувајќи ја и Кина.
„Милиони луѓе умираат секоја година и знаеме дека значителен број на случаи кои резултираат со смрт, можат да бидат спречени“, вели директорот на C30 за безбедноста на храната, Јирген Шлунт.

limun-i-budjСпоред него, многумина заразни болести, како што се салмонеалата или Хепатитис А, болести за кои што во последниве години имаше доста пишувано по весниците во САД, се случуваат во земјите во развој, но таму не се до толку внимателно откриени и следени, често поради недостатокот на технички услови.

Шлунт предупреди дека глобализацијата на производството и прометот на храната, доведе до брзо ширење на болестите предизвикани од неисправни прехранбени производи.
Денеска има патогени материи повеќе отколку пред 20 или 30 години, нагласил Шлунт, додавајќи дека очигледно за некои проблеми во ова поле, станаа повеќе поради начинот на производството на храната.

Мувлосана храна

Со примена на едноставни чекори може да се намали нивото на хемикалиите и токсините во храната, преку избегнување на состојките кои го фаворизираат формирањето на мувлата.
Техниките на одгледувањето на земјоделските култури исто така може да ги искоренат микроорганизмите од синџирот на исхраната, а паразитите можат да се отстранат со третирање на нивните домаќини и отстранување на условите за нивно ширење.
Важно е луѓето да го имаат во предвид ризикот од расипаната храна и да бидат подготвени, ниту лекарите ниту пациентит да не ги игнорираат симптомите како што е на пример проливот.
Многу од смртните случаи од труење со храната во земјите во развој, можат да се спречат со навремено лечење, е заклучокот од дирекцијата за безбедност и храна SZO.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top