Free songs
Home / алтернативна медицина / Прстите, ушите и колковите откриваат на кои болести сте склони

Прстите, ушите и колковите откриваат на кои болести сте склони

Зошто долгите прсти укажуваат на поголем ризик од депресија и зошто малите уши може да укажуваат дека сте склони кон болести на бубрезите? Причината лежи во хормоните и во хранливите материи на кои сте биле изложени во мајчината утроба.

rakaНовата американска студија открила, меѓу другото, дека мажите со помали тестиси веројатно би биле вклучени во грижата за децата. Научниците од Универзитетот „Емори“ во Атланта откриле дека ниските нивоа на тестостерон може да им ја потиснат желбата за секс на мажите, па целата енергија ќе ја насочат во грижа за него и за децата.
А што може големината на другите делови од телото да откријат за здравјето?

МАЛИ УШИ
Може да бидат атрактивни, но всушност, укажуваат дека сте склони кон егземи и болести на бубрезите. Малите уши често значат и помал слушен канал (од внатрешното до средното уво), па затоа ризикот од развој на егзема е поголем. Слушните канали се обложени со кожа, која може да биде склона кон лупење (otitis externa).
Ако имате мали, ниско поставени уши, под нивото на очите, тоа често укажува дека имате проблеми со бубрезите. Никој не знае зошто.

jazikДОЛГ ЈАЗИК 
Тоа би можело да значи дека сте склони кон опструктивна апнеа во текот на спиењето. Оваа состојба предизвикува прекин на дишењето во текот на спиењето, а се јавува кај честири отсто од средовечните мажи и два отсто од средовечните жени.
Ако имате голем јазик или големи крајници, тие може да ги блокираат дишните патишта додека спиете. Во поблаг случај предизвикуваат рчење, а во потежок може да го запрат дишењето на 30 секунди.

ГОЛЕМИ КОЛКОВИ 
Поврзани се со загуба на помнењето. Научниците од Универзитетот „Нортвестерн“ во Чикаго ги проучувале обликот на тело и помнењето. Резултатите на тестот спроведен на речиси 8.750 жени во постменопауза на возраст од 65 до 79 години покажува дека оние со поголеми колкови имаат послабо помнење.
Научниците претпоставуваат дека масните наслаги придонесуваат кон когнитивни проблеми ограничувајќи го протокот на крв во мозокот. Но, ако имаат тенденција за наталожување на маснотиите околу колковите, а не околу стомакот, би можеле да бидат заштитени од дијабетес и од срцеви тегоби.
 

ДОЛГИ ПРСТИ 

raka

Поврзани се со рак на простата и со депресија. Научниците од Универзитетот „Warwick“ и од Институтот за истражување на ракот ги набљудувале рацете на 1.500 заболени од рак на простата и на 3.000 здрави мажи. Откриле дека мажите чиј показалец е подолг од домалиот прст имаат значително помала веројатност дека ќе заболат. Се смета дека се изложени на помало количество тестостерон пред пораѓањето, што доведува до развој на подолг показалец. Помалото количество тестостерон може подоцна да ги заштити од болестите, кои се хранат со тестостерон.

Истражување на универзитетот во Алберта покажува дека мажите со релативно подолг показалец во однос на домалиот прст се склони кон депресија. Депресијата е поврзана со ниските нивоа на тестостерон на кој се изложени во матката. Интересно е дека студија на универзитетот во Ливерпул покажала дека децата со аутизам имаат значително подолг домал прст од показалецот, што е поврзано со високи нивоа на тестостерон пред раѓањето.

ТЕНКИ БУТОВИ
Данската стдуија спроведено на 3.000 мажи и жени покажало дека луѓето со потенки бутови се склони кон срцеви болести и кон прерана смрт. Малата мускулна маса во оваа област би можела да влијае на чувствителноста на инсулин и да биде виновник за споменатиот ризичен фактор.

podocnjaci1КРУПНИ ОЧИ
Ги поврзуваат со кратковидост. Убави се, но големите очи може да значат дека ќе морате да носите очила. Ако размерот на вашите очи е подолг од 24 мм, веројатно ќе бидете кратковиди. Ако окото има нормална големина, светлото ќе биде јасно насочено кон задниот дел на окото. Но, ако е подолг еден милиметар од нормалата, светлото ќе се фокусира неколку милиметри пред мрежницата (а тука се обработува сликата).

КРАТКИ НОЗЕ 
Долгите нозе може да укажуваат на помал ризик од дијабетес тип 2, покажува истражување спроведено на универзитетот во Бристол. Се покажало дека секои дополнителни 4,3 см го намалуваат ризикот од болеста.
Ако вашата мајка била многу здебелена кога сте биле во матката, можеби токму поради тоа имате кратки нозе. А бидејќи во матката сте се приспособиле на помало количество енергија, панкреасот (кој излачува инсулин) не може добро да се справи со релативно нормалното количество масти и јаглехидрати по раѓањето. Затоа е и поголем ризикот од болести, како што е дијабетесот тип 2 во средните години.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top