Free songs
Home / природен лек / Природни лекови од зелка за чир на желудник, дијареа, слабокрвност

Природни лекови од зелка за чир на желудник, дијареа, слабокрвност

Зелката може да ја поправи крвната слика, да го ублажи мамурлакот, да го смири воспалението на цревата и другите воспалителни процеси во организмот. Еве за кои здравствени проблеми можете да ја користите зелката како природен лек.

zelka-620x330Дијареа и чир на желудник

Доколку секојдневно консумирате по една или две чаши свеж сок од зелка помеѓу оброците, можете да го решите проблемот со дијареа или да го смирите воспалението на цревата. Исто така, три чаши сок од свежа зелка на ден е најдобриот лек за чир на желудникот.

Слабокрвност

Заради нејзината голема количина на минерални соли, витамини и хлорофил, се препорачува слабокрвните луѓе да јадат свежа зелка или обарена на пареа, како и секојдневно да консумираат по две чаши свеж сок од зелка, кој лесно ќе го направите во соковник.

Зараснати нокти и воспаленија на жлездите

Зараснатите нокти и воспаленијата на жлездите проследени со гној лесно се решаваат со листови од свежа зелка, кои го впиваат и извлекуваат гнојот.

 

На загноеното место ставете три листови од зелка така што ќе покријат голема површина, доколку е можно преврзете го местото и оставете ги да отстојат неколку часа, па и цела ноќ. Постапката може да се повторува сè додека заболеното место не оздрави.

Рани

Лековитите својства на зелката се многу познати и кога станува збор за раните. Зелените листови се мијат во вода и се бришат, се израмнуваат со сукало или шише, па се сечат во потребната големина. Пред да ги ставите на раната или на болното место, загрејте ги сосема малку во микробранова печка. Обложете ја раната со листовите од зелка, така што истите да ги преминуваат нејзините рабови. На почетокот листовите се менуваат на секои два часа, а потоа на секои четири часа.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss