Free songs
Home / природен лек / Како да се решите од ладни прсти на рацете и нозете

Како да се решите од ладни прсти на рацете и нозете

Се прашувате зошто прстите на рацете и на нозете честопати ви се студени? Главната причина е намалениот протокот на крв во рацете и нозете, но меѓу најчестите се и нездравиот начин на живот, изложеноста на студ и несоодветната исхрана. Прво треба да се воспостави точна дијагноза за да знаете како да си го решите проблемот.

rakaСтареење

Со текот на годините крвните садови може да станат поцврсти и потесни. Тоа и пречи на здравата циркулацијата на крвта, особено на екстремитетите. И ова е всушност главната причина поради која постарите луѓе имаат ладни раце и нозе.

Рејнаудов синдром

При ладна температура крвните садови во нозете и рацете се стеснуваат. Сепак, ова стегање може да се случи и ако сте изложени на физички или ментален стрес. Доколку трае предолго лекарите го нарекуваат Рејнаудов синдром. Ова е многу сериозна болест при која прстите знаат буквално да посинат, а понекогаш во екстремни случаи може да дојде и до ампутација на екстремитетите.

Задебелување на артериите

Артериосклерозата, при што настанува стврднување или задебелување на артериските ѕидови, предизвикува лоша циркулација на крв. Причината може да биде високото ниво на холестерол или болести како што се дијабетес.

Несоодветната исхрана

Исхраната со малку витамини, минерали и масни киселини предизвикува долгорочно оштетување на артериите, вени и капиларите. Во ваков случај, оштетените крвни садови не може добро да им служат на рацете и нозете.

Воспалени вени

Во вените може да се појави згрутчување кое може да доведе до нивно воспалување. Ова се нарекува венска тромбоза и резултира со ладни екстремитери.

Посебните болести и состојби Бременост, дијабетес, висок крвен притисок, висок холестерол исто така може да се помешаат со лоша циркулација и да предизвикаат ладни раце и нозе.

Што треба да се направите за да го решите проблемот

Променете го животниот стил Јадете здрава храна и вежбајте редовно и умерено Ако сте изложени на студ, направете се што можете за да ја одржите телесната температура Носете ракавици и топли волнени алишта. Бидете физички активни, тоа ќе ја одржи топлината За брзо закрепнување јадете свеж ѓумбир Откажете се од пушењето и не останувајте во зачадени простории

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top