Кремов го мачкаме на лице (понекогаш) и на раце, многу ми помага за егземата која повремено ми се јавува, а со него успешно третираме пеленски осип кај ќеркичката и се спасивме од сувите обравчиња.
Маслото, невенот и ајдучката трева ставете ги во лонче или ѓезве, па потоа на рингла на ниска температура барем десетина минути.
Од кога сосема јасно ќе ја почувстувате миризбата на билките, процедете низ цедалка. Маслото вратете го на оган (повторно на ниска температура) и додадето го восокот.
Кога восокот целосно ќе се растопи, смесата ставете ја во кутивчиња од крем или стаклени теглички. Смесата е течна и ќе се засврсти за многу кратко.
Оваа количина на состојки е доволна за две кутивчиња од по 50 милилитри.
Доколку сакате, слободно додадете неколку капки етерично масло пред крајот на процесот.
Овојпат направив две дози оти треба да им подарам на две пријателки и користев сушени билки.
dali moze da se dobie podetalen opis na pripremata …kolku se stava kakvo maslo, vosok??kakov , kolku se stava …Jas kako laik vo ovaa problematika neznam kakov vosok od kaj da se nabavi itn. Maslo – kakvo?
Blagodaram