Home / сведоштва / Потврдено: На село се живее една година подолго

Потврдено: На село се живее една година подолго

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 71.6 години наспроти 72.6 години во селските, што значи дека луѓето на село живеаат околу една година повеќе од оние во градот, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

selo33Природниот прираст кај населението е исто така  поголем во селските средини и тој изнесува 56,2%, наспроти тој во градските подрачја и тој изнесува 43,8%.

Но градските подрачја предничат во однос на бројт на родени деца во однос на селските. Па така во Македонија лани се родиле 23.138 живи бебиња, од кои  13.259 живородени деца или 57,3 проценти од вкупниот број биле родени во градските подрачја, наспроти 9.879 живородени деца или 42,7 проценти во селските подрачја.

Најмногу од бебињата се родиле во Скопскиот регион или 34,8%, а најмалку во Источниот регион на земјава или 6,7%. Овие бројки се дел од анализите на Државниот завод за статистика за лани, каде што се вели дека во 2013 година умреле 19.208 лица, при што природниот прираст изнесува 3.930 лица.

Во три региони има појава на негативен природен прираст и тоа во: Пелагонискиот, Источниот и Вардарскиот регион. Податоците за внатрешните миграции во земјава покажуваат дека, вообичаено, поголем е бројот на преселби од село во град.

Денешен

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top