Поленот содржи повеќе од 250 супстанци кои на вашето тело му се потребни за нормално да функционира. Дејството на поленот е вистински благодат за целиот организам.
Тој успешно лечи многу болести, го зајакнува имунитетот, ја чисти крвта, го регенерира црниот дроб, им помага на болните од хепатитис, лечи хипертензија, го намалува нивото на холестерол и позитивно влијае на нервниот систем.
Дневната доза за еден возрасен човек е само една лажичка, а децата може да консумираат и половина. Едноставно навечер пред спиење во една чаша вода ставете мала лажичка полен. Оставете го вечерта, а наутро ставете неколку капки лимон и испијте го на празен стомак. Би било убаво да не јадете ништо во наредните 20 минути.
Исто така, можете да направите чудесна мешавина од полен и мед. Едноставно помешајте ги овие во пропорции 1:3 и консумирајте на празен стомак три пати дневно. Доволно е само една лажица.