Free songs
Home / бабини рецепти / Отстранете ги влакната од лицето природно – Стари народни методи

Отстранете ги влакната од лицето природно – Стари народни методи

 Отстранете ги засекогаш влакната од лицето на природен начин, искористувајќи ги следните народни методи кои не бараат многу пари, а можат да се направат и во домашни услови.

Домашно средство за отстранување на влакна со сода бикарбона

kak_udalit_volosy_na_lize_01-300x248Овај третман е неопходно да го правите навечер, пред спиење. Ставете 200 мл вода да зоврие и додајте 1 лажица сода бикарбона, помешајте и оставете да се излади. Натопете од растворот малку памук или газа, малку процедете и ставајте на местата каде што ви растат непожелните влакна. Залепете со фластер и оставете така да стои преку ноќта. Утрото, по отстранувањето на фластерот намачкајте хранлива крема. По 2-3 третмани, ќе забележите позитивен резултат, влакненцата од лицето ќе почнат да паѓаат.

Аптекарски јод

За припрема на овај народен лек е потребно:

2мл јод, 1,5 мл амонијак, 40 мл 96% алкохол и 10 мл рицинусово масло. Сите состојки се мешаат добро и се оставаат додека смесата не стане безбојна. Оваа смеса треба да се втрие на соодветните делови од лицето, наутро и навечер. Влакната ќе почнат да паѓаат по неколку дена од користењето. Постојат тврдења дека ова решение е за трајно отстранување на влакната.

Масло од коприва

Овој ефикасен рецепт е познат уште од одамна бидејќи го користеле убавиците во 17-тиот век:

3 лажици семе од коприва се преливаат со 100 мл од било кое растително масло. Оставите да отстои 14 дена на топло место. Потоа процедете го низ газа и ставете го во стаклена тегла, па затворете.

Секоја вечер натопете парченце памук или газа со маслото од коприва, ставете на проблематичните места на лицето и оставете половина час (можете да залепите со фластер да не паѓа). Потоа измијте го лицето со топла вода и сапун. Третманот трае различно кај секоја жена, затоа третирајте ги влакната на овај начин додека не опаднат.

Лукот како ефикасно средство за отстранување на влакна од лицето

Бришете ги проблематичните делови од лицето со свежо исцеден сок од лук. Чувајте го сокот на лицето околу 30 минути, за максимални резултати. Потоа измијте го лицето со топла вода и намачкајте го со крем.

Отстранување на влакната со конец –

Ова не е безболно, а и влакненцата повторно растат. Доколку сепак се одлучите за ова погледнете го видеото 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top