Home / нови лекови / Откриена нова врска антибиотици, научниците се надеваат дека ќе помогне во спасувањето на милиони луѓе

Откриена нова врска антибиотици, научниците се надеваат дека ќе помогне во спасувањето на милиони луѓе

Истражувајќи примероци од почва, американските истражувачи открија нова класа на антибиотици кои можат да убијат бактерии отпорни на веќе постоечките лекови.

Новата класа на антибиотици се нарекува малацидини, а се изолира од бактерии кои живеат во почвата.

Доктор Шон Брејди и неговите колеги од Универзитетот Рокфелер во Њујорк анализирале ДНК на повеќе од 1.000 примероци почва во потрага по нов лек, кој ќе се бори против бактериите на нов начин.

Антибиотикот успеал да го нападне клучниот дел од ѕидот на клетките на бактеријата – механизам што не може да овозможи микроорганизимите да развијат резистентност на лекови. Новиот антибиотик за време на тестирањата успеал да излечи упорна инфекција на кожа кај животни, која не можела да се излечи со постоечките антибиотици.

Центарот за контрола и превенција на болести проценува дека секоја година околу 2 милиони луѓе во САД умираат поради резистентност на антибиотици, а 23 илјди луѓе умираат конкретно од бактерии.

– Во недостаток на нови терапии, смртноста од опасни инфекции е во постојан раст и ќе биде сериозна закана до 2050 година, предупредуваат лекарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top