Ако постојано чувствувате замор, страдате од надуеност и гасови и имате проблеми со циркулацијата, веројатно е време да го прочистите организмот и да се ослободите од токсините.
– 12 чешниња лук
– половина литар црно вино
Лукот исечете го на ситно и ставете го во стаклен сад, ставете го виното и добро затворете го садот. Оставете го на светло место две недели и повремено промешајте.
Земајте по една лажица три пати дневно околу еден месец.