Free songs
Home / аларм / Научници тврдат – царскиот рез може да ја промени ДНК -та на детето

Научници тврдат – царскиот рез може да ја промени ДНК -та на детето

Царскиот рез е се поприсутен во светот, каде речиси 50 отсто од децата во Кина се родени на тој начин. Сепак, оваа опција, освен за мајка, може да биде опасна и за децата, вели професорот по молекуларна биологија Томас Екстром од Институтот Каролинска во Шведска.

bremena-bebe-300x257Иако е добро познато дека царскиот рез може да биде поврзан со поголем ризик од дијабетес тип 1, дебелеење и респираторни заболувања кај децата како и депресија кај мајките, плаќањата во приватните клиники за овој начин на пораѓање е се поголем.

Во истражувањето професорот Екстром го споредил нивото на ДНК метилација кај 18 бебиња родени со царски рез и 25 бебиња родени вагинално. Метилација е природен механизам за контрола на активноста на гените и е под влијание на надворешноста како што е раѓањето и кои можат да ја сменат ДНК. Нивото на ДНК метилација било повисоко кај децата родени со царски рез, отколку кај оние родени од вагинално породување. Тоа значи царскиот рез може да ја промени ДНК на новороденчето.

Професорот промените ги забележал во 350 сегменти на ДНК, вклучувајќи ги и подрачјата кои влијаат на имунолошкиот систем. Се ‘уште не се знае дали промената е постојана или привремена.
– За време на вагинално породување детето доживува позитивен стрес и е подготвено за надворешниот свет. При царски рез не се активира имунолошкиот систем на детето, со што можат да се објаснат промените во ДНК.

Задравство24.мк

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top