Home / природен лек / Рибата го продолжува животот за три години – Еве за кои болести е добра

Рибата го продолжува животот за три години – Еве за кои болести е добра

Само еден рибји оброк неделно го намалува ризикот од болести.

Стручњаците препорачуваат јадење риба два пати неделно. За еден оброк би требало рибата да биде богата со масло: сардини или харинги поради омега-3 масните киселини.

ribaВажни состојки во рибиното месо: бакар, белковини, витамини од Б комплексот, железо, јод, калиум, калциум, натриум, незаситени масни киселини, протеини, селен, цинк. Она што рибата ја прави посебна е фактот дека содржи малку калории, а многу корисни материи потребни на организмот.

Исхраната со риба го продолжува животот за 3 години.

Нова студија  покажува дека рибата, може да спречи некој видови на рак. А истражувањето е неодамна направено во Милано, Италија во споредба на 10.000 болнички пациенти кои имале рак со  8.000 други пациенти кои немале рак. Пред да се изведат тестовите за рак во болница, тие сите биле прашани колку и колку често јаделе риба во просек. Оние кои јаделе една или повеќе порции неделно покажаа одредена шема за заштита од рак на стомакот, устата, грлото, хранопроводникот, дебелото црево и ректумот.

Докажано е дека месото од риба и рибиното маслио како составен дел на редовната исхрана го намалува ризикот од инфаркт, смртноста од инфаркт, ги штити коските, спречува појава на рак и го успорува процесот на стареење.

Болести на кои рибиното месо делува како лек:

акни, анемија, анксиозност, болести на крвните садови, болести на срцето, дебелина, губиток на помнење, депресија, импотенција, имунодефициенција, некои видови рак, неплодност, несоница, остеопороза, зголемен крвен притисок, ПМС синдром, проблеми со кожата, проблеми во менопаузата, проблеми во бременоста, синдром на хроничен умор, намалени триглицериди во крвта, намалени липиди во крвта, стрес, го успорува стареењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top