Free songs
Home / алтернативна медицина / Кинески вежби за подобро спиење

Кинески вежби за подобро спиење

1. Легнете на грб со свиткани коленици, а со рацете привлечете ги колениците на градите и дишете нормално. Задржете ја оваа положба една минута, а потоа опуштете се, исправете ги нозете и ставете ги рацете до телото.

nesonica son2. Легнете на стомак, а рацете ставете ги под стомакот. Дишете длабоко и полека исфрлувајте го воздухот од белите дробови и замислувајте дека со тоа го исфрлувате секое негативно искуство што сте го имале тој ден.

3. Легнете на грб, а рацете притиснете ги во тупаници, па ставете ги кон лопатките. Вдишете трипати, а потоа пуштете ги тупаниците подолу и повторно дишете, поместувајќи ги подолу по секое трето издишување. Повторувајте го ова сè додека рацете не стигнат до нивото на половината. Спуштете ги рацете во опуштена положба и вдишете уште петпати.

4. Легнете на грб, вдишете и истегнете ги двете раце над главата. Додека го исфрлате воздухот од белите дробови, спуштете ги рацете и масирајте го телото од градите кон стомакот.

5. Свртете се на Вашата десна страна. Свиткајте ја десната рака во лактот, а дланката ставете ја пред лицето. Зглобот на левата рака треба да биде на колкот, а десната нога треба да биде испружена, додека левата нога е свиткана во коленото.

 Со притискање на овие точки исто така може да си помогнете

insomnia

tocki insomnia

Tuina_Points_Yintang

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top