Home / нови лекови / Направа која во иднина ќе спасува милиони животи!

Направа која во иднина ќе спасува милиони животи!

Научниците од Универзитетот во Илиноис со помош на колеги од Универзитетот во Вашингтон измислиле неверојатна направа која во иднина би можела да спаси милиони животи.

Станува збор за револуционерна електронска мембрана или “навлака“, како што некои го нарекуваат. Новото откритие ќе ги замени моменталните пејсмејкери и ќе ги испрати во историјата.

naprava zivotiПоточно, мембраната се навлекува на срцето на пациентот и мрежата на сензори и електроди континуирано ја следат работата на срцето и даваат мали електрични шокови за да би ја одржале здравата активност на најважниот орган во телото.

Преку користењето на 3Д принтер се создаде прототип кој е испробан на срце на зајак, органот продолжи да работи совршено и откако беше отстранет од телото на животното.

“Веднаш штом ќе се открие потенцијално фатална ситуација како на пример аритмија или срцев удар, се активира соодветна терапија”, изјави инженерот Игор Ефимов од Универзитетот во Вашингтон, кој помогна со дизајнот на уредот.

Сепак, вреди да се спомене дека слични уреди постојат на пазарот од почетокот на осумдесеттите години, но се до овој момент не беше возможно совршено да ги прилагодат на срцата на пациентите, што благодарение на новата технологија, е многу полесно.

Џон Роџерс, научник од Универзитетот на Илиноис ја споредил “навлаката” со природната мембрана на срцето, објаснувајќи како вештачкиот перикардиумот е нешто што во иднина би можело да стане нешто многу поголемо од алатка за истражување, и да спаси милиони животи.

Tocka.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top