На водена пара се топи и се остава да зоврие 100 грама путер или свинска маст. Смелете 4 средни главици кромид, додадете ги во путерот и варете на слаб оган околу 6-7 минути, а при тоа треба постојано да се меша со дрвена лаживца.
После тоа додадете 1/3 рендан бебешки сапун, 50 гр борова смола, 30 гр пчелин восок, и варете на слаб оган уште 20 минути при што продолжувате без престан да мешате.
Смесата се процедува со помош на дупла газа додека е врела. Мелемот се чува во стаклен сад, на темно и студено место.
Нанесете од мелемот на болното место, покријте со газа и залепете со фластер. Процедурата се прави навечер пред легнување и треба да отстои во текот на ноќта, а наутро се менува со нова облога поставена на истиот начин.
Процедурата се повторува се додека раната не зарасне.
Popara
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes