Free songs
Home / аларм / Македонците навлечени на лексилиум и дијазепам: Колку се штетни!

Македонците навлечени на лексилиум и дијазепам: Колку се штетни!

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ја алармира и информира јавноста, односно своите осигурениците за состојбата со енормно зголемената употреба на лековите анксиолитици и хипнотици, односно за несаканите штетни ефекти кои тие ги предизвикуваат. Анксиолитиците и хипнотиците се група на лекови кои се користат за намалување на напнатоста, вознемиреноста, нарушеното спиење, страв, депресивно расположение, нервоза и други стресни состојби.

Во оваа група на лекови влегуваат следните генерички имиња диазепам или попознат меѓу народот со заштитените имиња диазепам и апаурин, потоа бромазепамот познат како лексилиум и бромазепам, алпразоламот односно хелекс и золпидемот попознат како санвал.

vitamini apceСпоред анализата на податоците на Фондот за потрошувачката на овие лекови може да се констатира дека годишно во 2010 над 1 милион и 250 илјади рецепти се реализирани во аптека, што значи дека просечно секој втор жител на РМ употребил по најмалку едно пакување од овие лекови во текот на годината. Но алармантно и загрижувачки е тоа што потрошувачката на овие лекови во 2013 година се зголемува на над 1 милион и 600 илјади реализирани рецепти, односно за околу 30%.

Учеството на овие лекови во вкупниот број на реализирани рецепти се движи од 8,18% во 2010 до 8,98% во 2013. Со овие бројки анксиолитиците како група на лекови се на второ место, а генеричкиот лек диазепам е на четврто место од десетте најчесто пропишувани лекови.

Најголема потрошувачка е констатирана во следните градови:

– диазепам и апаурин во Берово и Неготино,

– лексилиум и бромазепам во Битола

– хелекс во Кичево

– санвал во Виница

Податоците со кои располага ФЗОМ укажуваат на огромната потрошувачка на овие лекови и трендот на постојано зголемување, но таа се однесува само за оние лекови кои се подигнати од аптека на товар на ФЗОМ, а не и за тие кои се купуваат на приватни рецепти и што се користат при болничкото лекување, што значи дека потрошувачката е уште поголема.

apceОд тие причини Фондот сака да ги предупреди осигурените лица за несаканите ефекти од употребата на овие лекови и да ги алармира избраните лекари за зголеменото користење на истите, во насока при пропишувањето задолжително да ги почитуваат упатствата за медицината базирана на докази.

Покрај ефектите за ослободување од симптомите за кои се пропишани (намалување на напнатост, стресот, нервозата) овие лекови даваат и дополнителни несакани краткорочни и долгорочни несакани (штетни) дејства:

Од краткорочните штетни дејства ќе ги споменеме:

– успорена работа на мозокот, слаба концентрација, конфузија, неразбирлив говор, што доведува до проблеми со едукација и стекнување на нови вештини, проблеми во секојдневна работа како и проблеми при извршување на домашните обврски и воспитувањето на децата и сл.,забавените рефлекси доведуваат до проблеми со возењето на автомобил и др. превозни средства, намалената координација,поспаност, вртоглавиците и заморот се опасни за професионалните возачи и управувачи на механизација и машини, кои можат и да доведат до повреди и несреќи со катастрофални последици. Од тие причини строго е забрането за време на употребата на овие лекови да се управува со автомобил, тешка механизација и сл.

Намалената координација исто така може да доведе до губење на рамнотежата, паѓања и повреди особено кај постарите лица, градежни и други работници кои работат на височина, а тука се и намалувањето на крвниот притисок и намалувањето на дишењето.

pill-apceНамалувањето на срцевата работа, се потенцираат при истовремена употреба на алкохол и комбинација со други лекови за хронични болести, што може да доведе до кома и смрт. Нивната употреба неповолно делува кај пациентите со хронични болести на белите дробови (ХОББ и астма) поради ефектот на намалување на дишењето.

Но сепак скриена и најголема опасност од долготрајната и континуирана употреба на овие лекови е појавата на психичка и физичка зависност.

Пациентот може многу брзо да развие толеранција на лековите, тоа значи дека е потребна се поголема доза за да се постигне саканиот ефект, што доведува до појава на зависност. Овие состојби може да се јават како кај пациенти кои го примаат лекот по препорака на лекар, така и кај тие што го злоупотребуваат.

Покрај горенаведените несакани (штетни) ефекти, овие лекови може да предизвикаат и други несакани ефекти кои се јавуваат и кај другите групи на лекови:

– заметен вид, болки во гради, тешкотии при дишење, отежнато голтање, кожен осип, чешање, црвенило, гадење и повраќање, ангиоедем – оток на грло и душникот, анафилактичен шок, кои претставуваат витално загрозувачки состојби иембриотоксично дејство (може да влијаат врз развојот на плодот и не се користат кај бремени жени).

ФЗОМ констатира дека употребата на анксиолитици и хипнотици има тренд на зголемување, што е алармантен податок за здравјето на нацијата, намалената работна способност и отсуство од работа, имајќи ги во предвид горенаведените штетни ефекти што ги предизвикуваат овие лекови.

Од тие причини Фондот апелира до осигурените лица да ги следат советите на лекарите и да не инсистираат избраниот лекар да им прoпишува лекови на нивно барање, односно спротивно на упатствата за лекување според медицина базирана на докази. Лекарите при пропишувањето на лековите да ги следат упатствата според медицина базирана на докази, презентирани за време на специфичната медицинска едукација за дијагностика и терапија на депресивните состојби во текот на 2013 година, а земајќи ги во предвид сите несакани и штетни ефекти кои ги предизвикуваат овие лекови.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top