Free songs
Home / алтернативна медицина / И древните Египќанки правеле тест за бременост

И древните Египќанки правеле тест за бременост

Пред неколку илјади години овие паметни луѓе, не само што имале природен лек за речиси сите болести кои ќе ги добиеле со помош на мешање на лековити билки, зачини, храна и тн., туку исто така пронашле и начин како да направат домашен тест за бременост

04112014183128_testТехниката е многу едноставна. Ставале зрна од пченица и јачмен во сад, жената уринирала во садот, го покривала со крпа садот и наредниот ден гледала што ќе се случи.

Ако зрното почнувало да р’ти, тоа значело дека жената е бремена, а ако не, тогаш не била бремена. Тие дури имале теорија, дека во зависност од тоа дали зрното повеќе р’ти, би можело да се каже за кој пол на детето се работи.

Истражувачите уште во 60-тите години од минатиот век потврдија дека овој тест е 70 отсто точен, односно, не помалку од модерните тестови за бременост, особено оние поевтините. Што се однесува до полот на детето, не е пронајдена поврзаност.

Древниот тест на бременост работи на ист принцип како и модерниот, набљудување на хемиски промени кои се присутни само кај жената која е бремена.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top